Септември 1978-ма, Ѓорѓи Марков, бугарскиот дисидент, чекајќи автобус на мостот Ватерло добива убод од врв од чадор на кој има рицин. Умира 3 дена подоцна.
Главен осомничен, Данецот со италијанско потекло Франческо Гиулино, кој работи за бугарската тајна служба. Тој отфрла секаква вмешаност.
Ноември 2006-та, Александер Литвиненко, поранешниот руски шпион, на таен состанок со непознати лица пие чај во хотел во центарот на Лондон. Во чајот има полониум-210. 22 дена подоцна умира во болница од труење со радиација.
Скотланд Јард за убиството би го обвинил Андреј Луговои, поранешниот член на КГБ и руски пратеник, доколку тој се наоѓаше во Британија.
Ноември 2007-ма, Олег Гордиевски, поранешниот полковник на КГБ и двоен шпион за МИ6 кој во 1985-та бега во Британија, тврди дека бил отруен во сопствениот дом.
Гордиевски минува 34 часа во кома и подоцна изјавува дека бил отруен со талиум од "непознати структури од Москва."
Февруари 2008-ма, Аркадија Патаркатсишвили, грузиски милијардер и партнер на Березовски, умира од срцев удар во својата вила во Суреј.
Еден месец пред смртта тој се кандидираше на претседателските избори во Грузија. Тој беше поврзан со обвиненија за измама, политички скандали и атентати.
Март 2012 Герман Горбунтсов, руски бизнисмен и банкар, заврши во кома откако на него беше пукано од автоматско оружје.
Горбунтсов успеа да заздрави, по што зборуваше за решителноста да ги порази своите непријатели. Тој уште живее во Лондон.
Ноември 2012 Александар Перепиличниј, руски бизнисмен кој подоцна стана соработник на полицијата, умре додека џогирал во близина на својот дом во Суреј.
Тој му помагаше на швајцарскиот обвинител во истрагата за перење пари на руски функционери.
Причината за неговата смрт уште е непозната.