Додека ловџиите почнале да забележуваат дека ирвасите во последните години станале се подебели (затоа што можат да најдат повеќе храна низ тундрата), некои од жителите на Гренланд се фатиле со одгледување на домати, пиперки, компир и слични зеленчуци.
"Работите едноставно растат побрзо. Секоја година пробуваме нови работи. Прв пат дојдов туку во 1999. и никој не ни сонуваше дека еден ден ќе го правиме ова. Ама сега летните денови се потопли и подолги," изјавил готвачот во локалниот ресторан, Данецот Ким Ернст, кој пред неколку години успеал да израсне и јагоди.
Во други делови на Гренланд сточарите успеваат да произведат и сено, а стадата овци во последните години почнале и да се зголемуваат. Дел од супермаркетите во главниот град Нук, веќе почнале и да продаваат локално произведен зеленчук.