Кинеските лидери речиси по шаблон гледаат да не се разликуваат од остатокот од колегите, а тоа секогаш подразбира монотоно одело и црна коса. Без разлика на која возраст се, секогаш мора да имаат црна коса.
Кинеските фризери, интервјуирани од БиБиСи на оваа тема објаснуваат дека одржувањето на црна коса преставува сериозна посветеност која бара време и пари. Нивните процени се дека ако еден кинески политичар не сака да се појави во јавност со бел корен, тој треба да се фарба на секои 10 дена.
Иако никој од лидерите официјално нема одговорено зошто се фарба, самите граѓани изјавуваат дека не сакаат да гледаат лидери со бела коса.
"Не сакам да го видам мојот лидер со обелена коса. Тоа го прави да изгледа стар, како да ќе умре. Како може таков човек да води држава? Ова е политичко прашање, а не е во прашање стилот."
Самите политичари се свесни дека се трудат да изгледаат исто.
"Комунистичката партија е една од најдисциплинираните институции што некогаш била создадена од човештвото. На ниту еден начин такво ниво не се постигнува по случајност," објаснува професорот на Школото за современи кинески студии на Универзитетот Нотингем, Стив Цанг.
Секој партиски лидер има иста облека и боја на косата, бидејќи на тој начин е лесно да се измешаш со другите и да ја избегнеш одговорноста за неуспехот на некој твоја политика.
"Носењето на неофицијална униформа и прилично сличниот изглед и почитувањето на прилично висока партиска дисциплина ти дава солидна заштита," дополнува професорот Џанг.
Намалувањето на разликите е и дополнителен обид на кинеските лидери да ја нагласат стабилноста на Комунистичката партија.