Свет

Само адвокатите ќаруваат од банки

Од почетокот на кризата што тие ја создадоа, шесте најголеми американски банки платиле 103 милијарди долари за адвокати. Ова е повеќе отколку што им платиле дивиденда на акционерите во истиот период.

Да не ти се погоди Американец во тесна уличка

Она што прво ќе го забележите од муабетот е дека нервозниот што излегува од кола е Американец, она што нема на прва да ви е јасно е дека ова се случува во Малта, а тој е вработен во американската амбасада во земјата.

Сиријците го поддржуваат Асад, ама тоа нема никаде да го чуете

Што ако респектабилна анкета открие дека Сиријците и понатаму сакаат Асад да им биде претседател и дали ова ќе биде во вестите кои веќе од пренесување на војната прераснаа во навивање.

Црнците и натаму работат како црнци

Денес разликата во приходите меѓу црнците и белците во САД само станала полоша отколку пред 50 години, во времето кога Мартин Лутер Кинг го одржа својот легендарен говор.

Само Амазон продава на интернет

На интернет се прават пари од продажба и се продава многу стока, меѓутоа главен проблем на онлајн шопинг индустријата е што ова му успева само и само на Амазон.

Писмена работа: Што правиме со Сирија

Воениот удар на Сирија е одложен колку на Камерон да му се даде фора да си среди по дома. Машинеријата бревта врз основа на многу јак доказ, слушнале телефонски разговор, Израелци им го пренеле. Во меѓувреме, луѓе си пишуваат што мислат дека треба да се прави таму. Имаме фин избор од 6 различни гледишта на ситуацијата. 

Зошто градовите веќе не сакаат да бидат домаќини на Олимпијада

До сега главна цел на градовите кандидати им беше да го убедат Олимпискиот комитет дека тие се правиот избор, сега тие треба и да ги намолат своите граѓани да не се бунтуваат против Олимпијадата.

Обединети порнографски држави

Мегапопуларниот порнографски сајт Pornhub (линков е исклучиво за доследни легалисти, да го бараат импресумот), објави интересна статистика. Во која американска држава кои се најбараните жанрови/термини за пребарување. Кримпај до толку? Стварно?

Зошто Асад би си пукал во нога?

Додека неофицијално почнаа да и ги одбројуваат на Сирија деновите пред да биде дополнително срамнета со земја, британски Телеграф прашува: Зошто Асад користејќи оружје за масовно уништување би предизвикал интервенција од Западот, во војна што веќе ја добива?

Ловот на Џохар Царнаев

Во филмската акција по бомбашките напади на Маратонот во Бостон комплетниот град беше затворен, речиси секоја можна полициска единица и оддел беа ангажирани, и сето тоа за да се фати еден единствен човек.

Кога влада станува многу влада?

Вашингтон пост викендов објави текст за промените што Обама ги има направено околу ветеното намалување на администрацијата, поточно нивниот неуспех. Колку за претстава, американската администрација има повеќе вработени отколку што има жители во 24 сојузни држави.

Луѓето со диплома за пиво

Како што секој скап ресторан (низ свет) има сомелиер, експерт за вино кој ќе ви каже кое вино најдобро за со вашиот оброк, наскоро ќе може да има и цицерон, исто како сомелиер ама на тема пиво.

Кога САД навиваше за хемиски напади

Америка почнува да ги турира бомбардерите за напад врз Сирија, згрозена од хемискиот напад на Асад, оценет како "најголем по оној на Ирак врз Иран и Курдите". А тој, Садамовиот, го има помогнато ЦИА.

Краток водич за Средниот Исток

Ситуацијата таму изгледа комплицирана. За сите што мислат дека е лесно да се одбере кои се добри а кои лоши дечки, еве мал драфт за тоа кои се актерите и какви им се односите.

Рафаели го брани Израел од Роџер Вотерс

Во 2011-та Бар Рафаели беше воодушевена кога како публика на концерт на Пинк Флојд се виде себе си на слика на бината. Две години подоцна и еден балон во форма на свиња со Ѕвездата на Давид, Рафаели не сака ништо да има со Роџер Вотерс.

Сирија ја чека косовско решение?

Затоа што расправата во О.Н. околу Сирија е на слично ниво како на времето со Србија (САД сакаат да бомбардираат, Русите не даваат да се мрдне), администрацијата на Обама ја разгледува опцијата работата да се заврши со бомбардерите на НАТО. Целата ситуација се вжешти по неодамнешниот хемиски напад во Сирија, слично како што работите во Србија се вжештија по масакрот во Рачак.

НСА поштено им платила на Гугл и Фејсбук за шпионирањето

Откако биле покриени правните (и морални) основи за предавање на сите можни информации околу приватниот живот на твоите корисници на главната шпионска агенција во земјата, технолошките компании, меѓу кои Фејсбук, Гугл, Јаху и Микрософт, добиле и финансиски надомест од НСА.

Приемен со тестови за девственост

Град во Индонезија од следната година планира да воведе тест за невиност како еден од предусловите за сите девојчиња што сакаат да се запишат во средно училиште.

Како лошата исхрана го оштетува вашиот мозок

Откако ќе се здебелите во некои делови од вашиот мозок се случува "државен удар" и повеќе не можете сами на себе да си верувате околу апетитот, гладта и дали сте најадени.

Списокот со желби на најбогатиот 1% од Кинезите

Секоја нова генерација на богаташи има свој фетиш на кој сака да ги троши парите. Во 80-те, Јапонците се палеа на купување на Рокфелер центарот, во 90-те Русите сакаа да купуваат секакви недвижнини низ Европа, минатата деценија принцовите од Емиратите градеа скијалишта низ пустини. Сега е ред на Кинезите.

Денот на претерување

Годинава Денот на претерување дојде 2 дена порано отколку во 2012-та. Ова е денот во годината кога луѓето почнуваат да трошат повеќе ресурси отколку што Земјата таа година успеала да произведе.

....сланина не мојме

Баш убаво од затворските власти од Тексас што решиле да одвојат 750.000 долари за на свињите во затворските фарми да им биде ладничко. Само што, во меѓувреме затвореници им умираат од жештини по ќелиите.

Ирокезите не се предаваат

И покрај исцрпувачките судски порази, Ирокезите порачуваат дека нема да се откажат од своите битки. Заради децата. И благодарејќи на тоа што во нивниот кодекс, кога носи одлука, поглавицата треба да мисли на следните седум генерации.

Турчинот што полугол скокаше во авионот на Меркел

Германската полиција уапси бодибилдер, по потекло Турчин, кој под дејство на неколку дроги си правел мераци во и по службениот авион на Ангела Меркел.