"Куќа од клинци" е кинескиот израз за сите оние семејства кои изминативе неколку години решија да се спротивстават и да не мрднат од својот имот, без разлика на тоа каков проект таму предвиделе властите и градежниците.
Барак Обама уверуваше дека сите прислушувања на НСА откриени од Сноуден се воделе според законите и стриктните процедури. Самата НСА инсистираше дека остапувањата од прописите се безначајни и се должат главно на компјутерски грешки. Да зумираме во бројките.
За да и даде полет на домашната економија, францускиот претстедател лани започна камапња за купување домашни производи. Оние што го послушале, секој месец се пократки за 300 евра.
Тешко луѓето да се убедат дека живеат во единствен пазарен амбиент ако од една до друга земја, цената што ја плаќаат за иста услуга се разликува преку 700 посто. Зборуваме за мобилната телефонија.
Да ги напнеш сите можни туристички работници од Египет до Вашингтон само по себе е сериозен успех, ама да не те можат во Северна Кореја е многу блиску до епохален подвиг.
Иако беше прогласен за виновен по неколку основи, Берлускони нема ниту еден ден да мине во ќелија заради законот кој предвидува сите осуденици постари од 70 години да не одат во затвор. Ова не значи дека поранешниот премиер само ќе седи по дома.
Техниката што ја користи ФБИ не се однесува на слушање на разговорот што го правите мобилен, туку на активирање на микрофонот на вашиот Андроид телефон додека тој (да речеме) ви стои на маса.
Сириските бунтовници познати и по тоа што чат-пат ќе им протече некое видевце во кое некому сечат глава, решија дека во моментов постои ургентна потреба да се проговори против "колонијалното" пециво наречено кроасан.
Целиот свет ја следеше судбината на 33-ата чилеански рудари кои во 2010-та цели два месеца беа закопани под земја за конечно да бидат спасени и дочекани како херои. Неколку години подоцна, им доаѓа пак да се закопаат.
За САД е поислплатливо да ги ослободи сите затвореници на Гвантанамо, истите да ги замоли да почнат фино да се однесуваат и за ова годишно да му плаќа по 2 милиона долари на секој од нив, отколку да продолжат да ги чуваат.
На Тојота и е смачено од донирање пари по најразлични основи, па кога се контактирани за донација од страна на Фуд Банк од Њујорк, тие решаваат да понудат нешто уште подобро.
Преку Њујорк, вработените во американските ланци за брза храна започнаа со штрајкови и протести на национално ниво, барајќи зголемување на мизерната дневница. Фирмите се жалат дека кубурат а сметката е ваква:
Селани од централна Кина потпишаа обврзувачки "пакт на смртта" според кој сите оние убиени, повредени или уапсени заради давање отпор на селењето од нивните рурални домови ќе им биде одадена почит или ќе бидат компензирани.
ЕУ прописно се згрози од аферата околу прислушувањето американски граѓани од нивната национална безбедносна служба та дури и се закани со затегнување на трговските односи со САД заради одбрана на граѓанските слободи. ОД Америка стига одговор: "А да не ни глумите монахињи"?
Се разведува најпознатиот и богами најбогат правдољубец на светот. Извори блиски до Мајкл Мур велат дека е спремен да ѝ даде десетици милиони долари на досегашната сопруга за да ќути за нивниот брак и начин на живот.
Топењето на Арктикот може да активира "економска временска бомба" која ќе го поткопа комплетниот глобален финансиски систем, предупредуваат група составена од економисти и поларни научници.
Извештаите за она што му се случува на Детроит речиси секогаш во воведот содржат "некогаш гордиот град." За подобро да се сфати по што тагуваат сите, еден фотограф прави комбинација на фотографии од златното доба на градот и денес.
Во една од најдолгите и најкомпликуваните приказни (која се уште се развива) идејата е дека сите долгометражни цртани на Пиксар се поврзани меѓу себе во еден бескраен круг.
Деновиве се појави информацијата дека една Романка, буквално претворила неколку врвни уметнички дела (Пикасо, Моне, Матис и сл.) во пепел. Сега таа тврди дека тоа не е така.
Дузини кинеските жени почнаа да се пријавуваат за 10-дневeн курс по фино однесување и манири. Цената за учење на сите овие "цаки" е 16.000 долари од курс.
Тинејџери од најсиромашните делови на Лондон (како тоа смешно звучи) за време на матурските не штедат пари за да можат да возат Ферари или Ламборџини на вечерта на земањето на дипломите.