Само адвокатите ќаруваат од банки

Од почетокот на кризата што тие ја создадоа, шесте најголеми американски банки платиле 103 милијарди долари за адвокати. Ова е повеќе отколку што им платиле дивиденда на акционерите во истиот период.

Сумата е еднаква како банките секој ден во изминативе пет и пол години да трошеле по 51 милион долари на ден, или доволно голема за да избрише се што заедно заработиле во 2012-та.

Трошоците се за адвокати, судски парници, подмирување на најразлични сомнителни хипотеки и банкроти на нивните клиенти. Околу 40% од правните и трошоците за парничење, пораснале од јануари 2012-та.

Околу 75% од овие трошоци отпаѓаат само на две банки ЈПМоргарн и Банк оф Америка. Само за последните 6 месеци Банк оф Америка ги зголемиле своите трошоци за 3,3 милијарди, а ЈПМорган во овој период додале 1,5 милијарди.

Банките е многу веројатно допрва да ги чекаат најголемите правни трошоци, откако Јавното обвинителство месецов објави дека во претстојните месеци ќе започнат нови случаи. Зголемената опасност е и заради тоа што американската економија е генерално стабилизирана, а платежната способност на банките повеќе не е спорна, па обвинителите ќе бидат поригорозни во своите случаи.

Бројките за трошоците за адвокати се добиени од кварталните извештаи што банките ги поднеле до Федералните резерви за периодот од јануари 2008-ма до јуни 2013-та.

2 септември 2013 - 09:50