Свет

Берлускони проговори

Берлускони всушност за време на сите свои забави бил поштен, а сите оние ескорт девојки што му биле на вечерите не ги викал за секс туку за да му го кренат моралот, барем тој така тврди.

Се кладиме во 250 милијарди долари?

Најголемите мегакомпании со седиште во Детроит одлучија да застанат зад својот град и на сите мрачни сценарија одговорија со закупување на цела страна во Њујорк Тајмс и Вашингтон пост во која гарантираат дека Детроит има светла иднина.

Човечки жртви во нашите смартфони

Маркус Блисдејл е фотограф кој снима во Африка и знае што влегува во нашите паметни телефони. И повеќе отколку што ние сакаме да слушнеме.

Браќа, требаме ли?

По многу параметри, оружјето во САД е надвор од контрола. Дали можеби не е време светот да интервенира?

Колку мигранти ќе умрат за да биде организиран Мундијалот во Катар

За време на изградбата на стадионите во Катар животот ќе го изгубат повеќе емигранти кои работат на проектите, отколку што ќе се појават фудбалери за време на Светското првенство 2022-ра (заедно сосе замените).

Зошто Америка е банана држава?

Прво, на сите мама-си-тракале читатели веќе им е јасно дека една ваква вест мора да е спин и ништо друго. Еве потврдуваме. Но, клучното прашање останува секогаш исто: Ви се чита?

Владимир Путин, најбогатиот човек на планетата

Од време на време западните новинари и блогери шпекулираат дали Путин е еден од најбогатите луѓе на светот или дека само е најбогатиот политички лидер. Ако пребарате на Гугл, проценките се меѓу 40 и 70 милијарди долари.

Човекот што 2 пати настрада од Олимпијадата во Токио

Кога Токио ја добива Олимпијадата во 1964-та, тогаш 30 годишниот Кохеи Џино дознава дека ќе треба да се сели од својот дом бидејќи таму ќе се гради Олимпиското село. Токио ја доби Олимпијадата 2020-та, Џино повторно доби повик.

Опачината на Коста Конкордиа

Беа потребни 19 часа работа и повеќе месеци подготовки за насуканиот брод конечно да се врати во почетната положба (не и состојба).

Сестра Тереза, радикалната калуѓерка

Жената која претставува една од највлијателните јавни левичарски интелектуалки во Европа има неколку барања, од кои ниту едно религиозно, нејзината борба е - независноста на Каталонија, национализација и средување на јавните трошоци.

Истоштената суперсила

Улогата на САД низ светот се повеќе се намалува, ама не начин на кој Американците треба да се радуваат, смета Њузвик во свoето најново издание.

Колку индустријата би ја наплатила војната во Сирија?

Тоа што моментално работите изгледаат ведро околу Сирија (барем околу странска интервенција), не им пречи на 6 американски воени бродови товарени со стотици ракети да причекаат во Медитеранот.

Колумната на Путин за Њујорк Тајмс

Неодамнешните настани околу Сирија ме натераа да му се обратам директно на американскиот народ и неговите политички лидери. Ова е важно да се стори во време на недоволна комуникација меѓу нашите две општества.

Норвешка заглави во криза со вишок пари

Скандинавците моментално работат на наоѓање начин како најдобро да ги потрошат парите од продажба на нафта, не затоа што им фалат пари, туку затоа што имаат повеќе отколку што знаат што да направат со нив.

Русија успеа да ја спаси Сирија

Сириската влада го прифати рускиот предлог да ги стави своите оружја под меѓународна контрола и со тоа да го избегне можниот воен напад од САД, објави Интерфакс цитирајќи го министерот за надворешни работи на земјата. Претходно Обама објави дека ќе ги стопира плановите за бомбардирање, доколку Сиријците го прифатат рускиот предлог.

Кинеските затвореници за изнајмување

Бо Ксилаи, некогашната "ѕвезда" на кинеската комунистичка партија, речиси гарантирано ќе биде осуден заради мито од 3,4 милини долари, проневерување на околу 1 милион долари и заташкување на убиството на еден британски бизнисмен. Она што не е гарантирано, е дали тој ќе биде и човекот што ќе ја одлежи казната.

Олимписки остров за сите Олимпијади

Идејата не е толку нова, ама повторно е актуелна пред изборот за домаќин на Летната Олимпијада 2020-та, по што еден од трите градови кандидати (Истанбул, Мадрид, Токио) ќе ја доживее најнасилната промена на својот изглед во рекордно кратко време (а да не е од бомбардирање) - зошто сите Олимпијади да не се одржуваат на една локација?

Отецот што ги сакаше дијамантите

Пет Робертсон како еден од најпознатите религиозни ликови во САД, за време на војната во Руанда во 1994-та, за помош на жртвите собира милиони долари, пари кои завршуваат во Африка, ама во рудниците за дијаманти во Конго.

Будимпешта ја забрани сиромаштијата

Унгарија со Устав го забрани копањето по контејнери, собирањето ѓубре низ град (неавторизирано) и генерално сите форми на бездомништво, а секој бездомник што ќе го прекрши законот за тоа ќе треба да плати казна од 500 евра (???).

Убавицата со ужасен крај

Таа му пренела СИДА, тој ја убил, ја запалил, и го скршил вратот (не е сигурно по кој редослед) и гола ја закопал на планината Урал. Отприлика ова е приказната за смртта на руската манекенка Јулија Лошагина (девојката на сликата).

Кога новинарка има право прашање

Шведска новинарка го начека и му го постави најлогичното прашање на Обама - дали Нобеловата награда за мир му претставува 'дилема' додека го планирате нападот на Сирија?

Стадионот што го објаснува светот

Во петок САД ќе се обиде прв пат во фудбалската историја да ја победи Костарика на гости. Проблемот за домаќините е што стадионот им е кинески и воопшто не го чувствуваат за домашен.

Човекот што верува дека сите вести се наместени

Заговорот е дека "вистинските" луѓе што ги гледате на вести - без разлика дали се вработени во продавница или е некој славен музичар - всушност се актери кои се најмени од владата за да го манипулираат вашето чувство за реалност и последователно да им помогнат во остварување на својата агенда.

Париската војна на луксузот

Французите воведуваат категорија за луксуз на хотели "палата“, арапските сопственици на хотели во земјата како едвај да чекаа некој да ги предизвика.