Човекот што 2 пати настрада од Олимпијадата во Токио

Кога Токио ја добива Олимпијадата во 1964-та, тогаш 30 годишниот Кохеи Џино дознава дека ќе треба да се сели од својот дом бидејќи таму ќе се гради Олимпиското село. Токио ја доби Олимпијадата 2020-та, Џино повторно доби повик.

Кога се гради Олимпискиот стадион за ЛОИ 1964-та, Џино го преселува својот дом и бизнисот во исто маало само на друга локација. Сега во планот за 2020-та стадионот ќе биде проширен а Џино пак ќе мора да го сели својот дом и продавницата.

Населбата во која живее Џино, Касумиогака, е изградена во 1963-та, и е оддалечена само еден кварт од стариот Олимписки стадион. Моментално таму има околу 200 домаќинства од кои една третина се жители над 70 години, кои сега заради проширувањата ќе мора да се преселат.

"Веројатно ќе завршам некаде каде што нема да можам да отворам продавниче. Ова значи дека ќе ја изгубам мојата причина за живеење," изјавил Џино.

Откако бил иселен за минатата Олимпијада, Џино заработувал перејќи автомобили во друг град, каде што вадел едвај доволно пари за кирија за станот за неговото 4-члено семејство. Дури во 1966-та нему му бил даден стан и продавница во Касумиогака.

17 септември 2013 - 15:04