Целата оваа теорија доаѓа од сајтот WellAware1 кој од 2011-та собира докази за тоа како "сите големи вести во светот се само драматична телевизиска продукција." Сето ова тој го докажува со видеа, аудио и фотошопирани слики кои откриваат стотици примери на маскирање на луѓе.
Меѓу евидентираните случаи е актерот што ги глуми 2Pac и Дејв Шапел, кој бил откриен преку сличноста на ушите на двајцата, која според сопственикот на сајтот Ед Чијарини, не може да се лажира.
Потоа тука е Стив Карел, кој е истиот човек што ги глуми Алис Купер и Бој Џорџ.
Водачот против апартхејдот е двојник со ликот на човекот што ние го знаеме како Морган Фримен, исто како што Лари Кинг е истиот човек со поранешниот претседател на Федералните резерви Ален Гринспан.
Меѓу најмладите актери е девојчето кое се појавува како ќерката на Вил Смит и ќерката на Обама, Малиа.
Инаку Ед неодамна морал да го избрише својот профил на Фејсбук заради "голем број на смртоносни закани."