
Прашањето на новинарката од Шведската национална телевизија е: "Се прашував, дали можете да ни ја опишете дилемата да се биде добитник Нобеловата награда за мир и да се подготвуваш да ја нападнеш Сирија."
На ова Обама одговорил дека и за време на својот говор по повод наградата во 2009-та, тој разјаснил дека употребата на сила некогаш е неопходна за да се зачува мирот.
Својот одговор го завршил објаснувајќи дека соочени со "бесмислената" смрт во Сирија "моралната работа не е ништо да не се направи."
Инаку Обама е во Шведска на последните состаноци пред Г20 состанокот во Русија.