
Многу е веројатно дека Ксилаи целата работа ќе ја заврши со ти-шен или двојник - човек кој богатите го најмуваат за да ја одлежи казната наместо нив. Сомнежот дека Ксилаи ќе го стори ова е толку голем, што кинеските социјални медиуми се преплавени со барања властите да објават затворска фотографија од поранешниот функционер.
Пред судењето на Ксилаи, беше судењето на неговата сопруга Гу Каилаи, која е обвинета за убиство на еден британски бизнисмен. За време на судењето јавноста беше уверена дека во судницата се наоѓа сосема друга жена која се однесува и изгледа многу поинаку од жената кои тие ја знаат. "Гу изгледаше како доста да е здебелена, а еден нејзин роднина беше шокиран, велејќи дека нејзиното лице е променето драматично од нивната последна средба," пишуваше Њујорк Тајмс за време на судењето.
Самата пракса на ти-шен е толку распространета што кинеската влада во август 2012-та го забрани пребарувањето на терминот на интернет пребарувачите во земјата.
Првиот ваков случај беше во 2009-та, кога едно богато 20-годишно момче со својот автомобил прегази пешак. Откако прво неговите родители успеаа да се изборат тој да добие само 3 годишна казна затвор, тие подоцна му најдоа и двојник кој ја одлежа казната.