Опачината на Коста Конкордиа

Беа потребни 19 часа работа и повеќе месеци подготовки за насуканиот брод конечно да се врати во почетната положба (не и состојба).

Целата операција беше успешна, а сега на 290 метри долгиот брод, тежок 60.000 тони, ќе му бидат закачени празни метални кутии (џиновски) кои треба да му помогнат да се одржува на површина додека да го одвлечкаат на отпад.

Операцијата за вадење на Конкордија е најскапата поморска операција за спасување во историјата, на вадењето работеа 500 инженери и нуркачи, а цената на целиот потфат е над 550 милиони долари.

Бродот се очекува да биде подготвен да си замине од островот некаде во тек на следната пролет.

Во несреќата од јануари 2012-та, од над 4.000 патници и членови на екипаж, загинаа 32 лица.

17 септември 2013 - 12:56