"Имавме доста плодни разговори со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и тој предложи иницијатива во врска со хемиското оружје. И вечерта ние се согласивме со руската иницијатива," ја цитира Интерфакс пораката на сирискиот министер Валид ал Муалем.
Тој изјавил и дека Сирија се согласила на овој потег, бидејќи со тоа ќе се "отстрани основата за американска агресија."
Во понеделникот Обама даде серија интервјуа во кои порача дека планира прекинување на сите активности околу евентуален напад на Сирија, доколку биде прифатен предлогот од Русија земјата целото свое хемиско оружје да го стави под меѓународен надзор.