Бездомништвото прво беше забрането во Унгарија со закон од 2012-та. Меѓутоа тогаш одлуката падна на Уставен суд, заради тоа што не е во согласност со Уставот.
Наместо да се откаже, Владата се преброи и сфати дека има доволно големо мнозинство во Парламентот за да го промени Уставот. Во март годинава тоа и го направија.
Сега, во август годинава, градоначалникот на Будимпешта најави дека градот ќе го забрани бездомниот живот на сите јавни површини, што значи дека 22 градски кварта ќе биде комплетно недостапни за околу 8.000 бездомници.
Видео од едно од иселувањата