Главен осомничен за убиството е нејзиниот 37-годишен сопруг, фотографот Дмитри Лошагин. Тој моментално е во притвор во Екатеринбург, и се сомничи дека ја убил по една забава во нивниот апартман во градот.
Тој пред судот ги отфрлил обвинувањата порачувајќи дека ја сакал својата сопруга. Но според непотврдени локални извештаи, во истрагата било откриено дека неговиот телефон бил регистриран во близина на местото каде што таа била пронајдена, на околу 37 километри од градот.
Наводно причина за убиството е неверство од нејзина страна, по што му пренела СИДА.
Јулија исчезнала на 22-ри август. По ова нејзиното семејство започнува масовна потрага по неа.
"Тој едноставно не се потруди да ја побара. Прво ни рече дека Јулија си заминала сред ноќ и го земала неговиот автомобил. Потоа тврдеше дека неговиот автомобил магично се појавил под прозорецот. Тој постојано ја менуваше неговата приказна, Не ни помислуваше да се јави во полиција за да ја прегледаат колата што Јулија наводно ја земала. Тој одбива да седне на полиграф," изјавил братот на Јулија, Михаил.
Откако било пронајдено телото на Јулија, нејзиниот сопруг одбил да оди да го идентификува со оправдание дека е премногу зафатен со работа.
Неколку дена по нејзината смрт, Дмитри го ставил за продажба нивниот апартман вреден 1 милион фунти.
Инаку двајцата се заљубиле за време на една фото-сесија во Индија, на која Јулија била облечена во невистинско. Тој уште таму ја побарал за жена. Парот се венчал пред две години.