Компанијата Уралвагонзавод, во Екатеринбург го промовираше прототипот на новиот модел на трамваи, комплетно дизајнирани, изработени и произведени во Русија - RUSSIA ONE. Првите примероци ќе бидат произведени есенва, а тестирањето ќе биде во текот на 2015-та. Од прототипот до конечниот производ разликата во дизајн се очекува да биде максимум 10%. Најголемиот дел од надворешноста ќе биде направена од стаклени панели.