Компанијата Уралвагонзавод, во Екатеринбург го промовираше прототипот на новиот модел на трамваи, комплетно дизајнирани, изработени и произведени во Русија - RUSSIA ONE. Првите примероци ќе бидат произведени есенва, а тестирањето ќе биде во текот на 2015-та. Од прототипот до конечниот производ разликата во дизајн се очекува да биде максимум 10%. Најголемиот дел од надворешноста ќе биде направена од стаклени панели.
Трамвајот може да мине околу 90 километри на батерии, а цената му е околу 1 милион евра. Прв град што ќе ги добие овие трамваи е Екатеринбург, по него на ред е Омск, а трета е Москва.