Париската војна на луксузот

Французите воведуваат категорија за луксуз на хотели "палата“, арапските сопственици на хотели во земјата како едвај да чекаа некој да ги предизвика.

Заради тоа што убаво си поминувал како мал со дедо му кога доаѓал на одмори во Париз во хотелот Жорж 5-ти, саудискиот принц Ал-Валид (57 години) во 1999-та решава да го купи хотелот и ѝ го предава на управување на канадската групација 4 сезони.

Хотелот е еден од 13-те објекти во Франција, кои официјално се дефинирани како "палати" (од нив 6 се во Париз). Оваа титула им се дава на хотели од пет ѕвезди со минимум 100 соби, во кои "перфекцијата и исклучителноста" се просек, и во кои цената за ноќевање почнува од 700 евра.

Во 2010-та принцот Митаеб, син на Саудискиот крал и неговата 9-та жена го купува хотелот Криjон во Ница, за 250 милиони евра. Во оваа цена не е вклучен трошокот за реновирање од 2 милиони евра по соба, кој е потребен за хотелот да добие титулата "палата." Плус на оваа сума е и правењето на спа и базен кои претходно ги немаше во хотелот.

Затоа што при воведувањето на категоријата "палата" од старт беше дисквалификуван, на 1-ви август 2012-та хотелот Риц комплетно се затвори заради реновирање кое ќе трае 2 години. Сопственик на Риц, од 1979-та, е Мухамед Ал-Фаед.

Гостите од Средниот Исток се толку важни за овие хотели, што со почнувањето на годинешниот Рамазан посетеноста на хотелите oпадна за 14%.

Во 2014-та се очекува Риц и Криjон да бидат отворени, а за 2015-та се очекува да биде готов Шевал Блан на Бернар Арно, најбогатиот Французин. И овие три речиси гарантирано влегуваат во категоријата "палата."

2 септември 2013 - 18:10