Се кладиме во 250 милијарди долари?

Најголемите мегакомпании со седиште во Детроит одлучија да застанат зад својот град и на сите мрачни сценарија одговорија со закупување на цела страна во Њујорк Тајмс и Вашингтон пост во која гарантираат дека Детроит има светла иднина.

Зад рекламата стојат 28 најголеми компании од Детроит, меѓу кои и 3-те најголеми производители на автомобили: Форд, Крајслер и Генерал Моторс.

Главната порака е: Еве 250 милијарди долари, кои велат дека градот има многу светла иднина.

Кампањата #opportunitydetroit е започната откако тие "станале свесни за напливот на негативни извештаи кои го опишуваат Детроит како мртов град, а премногу малку се посветува внимание на напредокот во центарот на градот и останатите области полни со ветувања," изјавил ЦЕО-то на Blue Cross Blue Shield of Michigan, Даниел Лоеп.

До 30-ти септември рекламата ќе се појави и во Вол Стрит Журнал, Фајненшл Тајмс и Политико.

 

24 септември 2013 - 13:45