Свет

Холандија со бескрајно холандски проблем

Минатата година Холанѓаните започнаа со проект за терминирање на 19 затвори низ земјата. Годинава увидоа дека направиле грешка во бројката, била за 5 затвори помала од потребната, па ја надополнија листата.

Дали Путин ќе биде "царот кој ги ослободи Курдите"?

Кога му срушија авион лани во ноември, рускиот претседател им порача на турските лидери дека ќе зажалат за тоа. Притоа не мислеше само на бојкот на нивните патлиџани.

"Јас за Гоце не кажувам"(Guantanamo style)

Податоците од Викиликс покажуваат дека една од главните цели на затворањето во Гвантанамо, изнудувањето разузнавачки податоци од осомничените терористи, доживеала сериозен неуспех. А огромен дел од робијашите се таму само заради тоа.

На Сирија ѝ се спрема босанско решение

Централна Влада која владее со нација поделена во три етнички зони, е планот што Москва го разгледува како потенцијално решение за кошмарот во Сирија.

Сè што ве мрзеше да прочитате за повлекувањето на Русија од Сирија

Прво, Русија нема комплетно да се повлече од Сирија, и не само што ќе остави околу 800 војници во земјата плус воени советници, на располагање ќе ги имаат и поддршка од ракетни системи кои се ставени во домет на Сирија.

Со кого Трамп се консултира за надворешната политика?

Доналд Трамп пред два месеца вети дека ќе ја обелодени листата на негови советници за надворешна политика. Деновиве проговори на таа тема и листата му брои -  само еден човек. Не е најстрашно што е еден, туку кој е тој.

Сценарио за една уставна криза

Ако изборните резултати од американската претседателска трка бидат тесни како пред 16 години, за победникот повторно ќе решава Врховниот суд. И таму се знае кој судија накаде врти, само што проблем е што сега се пата - пата. Во таква ситуација Обама изведе еден одличен дриблинг и понуди кандидат кој Републиканците тешко можат да го одбијат.

Како демократијата, морони?

Кинеската државна пропаганда со нескриено задоволство ги следи случувањата околу претседателските избори во САД и со сласт го мези сето она што Доналд Трамп му го прави на системот и досега вообичаените стандарди на политичката битка.

Што успеаја да направат Русите во Сирија?

Според нивното скромно мислење, со помош на 9.000 мисии ослободени биле 400 населени места и исчистена е територија од 10.000 квадратни километри.

Клизачите на Трамп

Како многу пати до сега без разлика што пак никој не веруваше, Трамп пак победи на уште едни партиски избори. Овој пат разликата е што по неговата победа, капитулација потпиша Марко Рубио, еден од главните противкандидати. Трамп многу спремно го дочека ова.

Сириската војна во бројки

5 години, 60 месеци, 1.825 денови, 43.800 часови војна. Овие бројки доведоа до следниве бројки:

Фанови на Сандерс кои би гласале за Трамп

Иако Берни Сандерс и Доналд Трамп се наоѓаат на крајно спротивставените страни на политичката лепеза, постојат гласачи кои би гласале а) за Берни; б) за Трамп. Ете до толку не ја можат Хилари.

Мртов а лета

Основачот на Раша Тудеј и еден од некогашните главни ликови на руската пропаганда машинерија во декември лани со авион заминал од САД. Мал процедурален проблем е што човекот одлетал од земјата - 40 дена откако бил најден мртов.

Што мисли Обама за Путин

"Доктрината Обама" е насловот на темата на месецот во последниот број на магазинот Атлантик. Новинарите на Атлантик разговараат доволно долго со Обама за да не остават речиси ништо непокриено.

Жртвата што се предомисли

Маж собира пари за добротворни цели низ центарот на Петах Тиква, сред работа нападнат е од терорист и завршува со нож во грло. До тука веста звучи фикс 2-ка, како добра кладичничарска сторија завршува 2 во 1.

Трамп е како создаден за ЕУ

И покрај згрозеноста на медиумите од Унијата со целата појава на потенцијалниот републикански кандидат, од надвор гледано ЕУ изгледа како расад за Трамп(ови).

Како француската влада го дотепа Шарли Ебдо

На 7 ми јануари 2015, двајца исламистички терористи упаднаа во просториите на францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо и убија 12 луѓе. Една година подоцна, француската влада му даде високо одликување на принцот на Саудска Арабија. Ни Шарли Ебдо не можеше да смисли волку перверзна сатира.

Ризикот што нема да го преземам

Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, во колумна објавува дека и покрај сите шпекулации не планира ни да припари до претседателските избори, не затоа што проблемите се толку големи, туку затоа што овие сега што се тркаат безумно ветуваат работи што не можат да ги исполнат и дека е претерано со поделбите.

Од каде му се рејтинзите на Путин?

Моментално Путин има 83% поддршка од своите граѓани, бројки кои остануваат вака високо веќе две години, поточно откако почнаа кошкањата меѓу Западот и Русија.

Канада ќе им дава џепарац на Канаѓаните

За разлика од џепарацот од твоите за кој колку толку си требал да исполниш некој услов, Канаѓаните со самото тоа што се Канаѓани се квалификуваат за од владата да добијат пари на поклон. Секој месец.

Кога адвокати ќе заиграат мрежно

Пакистанската влада повлече неколку срамежливи потези за олабавување на строгиот закон за бласфемија по кој за секоја навреда на исламот следува "смрт и ништо друго". Реакција: судовите се преполни со случаи за блaсфемија. Организирано.

Над 1 милијарда долари депонирани на сметката на премиерот

Првичните процени дека на сметката се легнати 681 милион долари се апдејтувани со нови бројки од Вол Стрит Журнал според кои сумата што на поклон од Саудијците ја добил малезискиот премиер Наџиб Разак изнесува над 1 милијарда.

Калкулантската ЕУ и проблемот со тостерите

ЕУ има еден убав план за сериозно намалување на штетните гасови во атмосферата со што планетава ќе се ослободи од тони и тони јаглерод диоксид. Но, планот е моментално бутнат во фиока само за Унијата да не си наштети на британскиот референдум. Планетата нека почека.

Опсадата на Трамп

Наместо досега востановениот "Трамп доаѓа и ги растура сите со комплетна неразумност и маалски фори" тек на настаните, на последната дебата човекот беше целосно поразен (затоа што замолчен е невозможно) од двајцата противкандидати, кои цела вечер му играат два на еден.