Жртвата што се предомисли

Маж собира пари за добротворни цели низ центарот на Петах Тиква, сред работа нападнат е од терорист и завршува со нож во грло. До тука веста звучи фикс 2-ка, како добра кладичничарска сторија завршува 2 во 1.

Јонатан Азарихаб

Нападнатиот Јонатан Азарихаб успева да го извлече ножот од врат и потоа неколку пати го прободува својот напаѓач, Палестинец, кој умира неколку минути подоцна. 40-годишниот ултра-ортодоксен Евреин, е хоспитализиран во стабилна состојба. Во целата ситуација тој имал помош од еден локален продавач кој минал без повреди.

Напаѓачот го следел Азарихаб низ центарот на градот, кога тој влегува во една продавница по него се втурнува и Палестинецот кој му задава неколку убоди во тело, пред да го прободе во врат.

Според сведоците, во еден момент Азарихаб успева да се оттргне и бега од продавницата, додека продавачот се нафрлува на напаѓачот и се обидува да го совлада. По кратко Азарихаб се враќа во продавницата го вади ножот од вратот и го прободува терористот.

Првичните извештаи беа дека станува збор за пресметка заради нерасчистени проблеми, за потоа полицијата да потврди дека се работи за терористички напад.

9 март 2016 - 14:56