"Со себе. Првенствено се консултирам со себе, бидејќи имам многу добар мозок и имам кажано многу работи".
Ако не ви се верува или пак мислите дека преводот ни е траљав, еве како го кажа тоа во оригинал, на утринска програма на ABC: "I'm speaking with myself, number one, because I have a very good brain and I've said a lot of things."
Значи цар.
"Јас знам што правам и слушам многу луѓе. Зборувам со многумина и по некое време можам да ви кажам што луѓе се тие. Но мојот главен консултант сум самиот јас и имам многу добар инстинкт за овие работи," изјави Трамп.
Патем, остана нем за листата консултанти за надворешпна политика која на почетоот на февруари ја најави "најмногу за две недели."
На прашањето дали неговата надворешна политика е "неоизолационистичка", Трамп елоквентно одговори: "Јас тоа не би го кажал тоа ич."
Инаку, неговите излети во замрсениот свет на глобалната политика ги имаме следено во неколку наврати: и кога не знаеше да ги разликува Хамас од Хезболах (види: "Зошто Доналд Трамп е опасен") и кога покажуваше извонредна разумност за американската вмешаност во светските конфликти (види: "И ќорав Трамп убоде анализа")