Властите на Онтарио објавија дека експериментот ќе почне во текот на годината и ќе ја опфати целата провинција. Во експериментот жителите ќе добиваат месечни чекови за покривање на основните животни трошоци за храна, превоз, облека и сметки. И ова ќе го добиваат сите жители.
Концептот за "основни приходи" веќе неколку децении е присутен во Канада, и е испробуван на различни нивоа, ама со мешан успех. За сега не се знае по колку пари ќе добие секој жител на Онтарио, ама се знае дека парите би дошле од буџетот на провинцијата. Во Финска има сличен проект во кој жителите добиваат околу 800 евра месечно, во Холандија сумата е околу 900 евра.
Околу дилемите дали овие пари ќе само создадат мрзливи работници, се цитира една студија од 2013-та, според која луѓето на кои им бил обезбеден "основниот приход" имале 17% подолго работно време и заработувале 38% повеќе.