Аферата е позната како "тостергејт" и се однесува на планот за елиминација на енергетско неефикасни тостери и електрични бокали кој е одложен само за да не се разгори анти ЕУ расположение во пресрет на јунскиот референдум во Велика Британииа за останувањето или напуштањето на ЕУ.
На листата се и мобилни телефони, фенови, лифтови, сушачи за раце и други уреди кои треба да подлегнат на построга регулација со што до 2030- та би се заштедил еквивалент на 10 милиони тони CO2 во атмосферата.
Но, високи извори во ЕУ признаваат дека планот кој со месеци е готов сега е политички закочен во кабинетите а Брегзит се наведува како главна причина за тоа.
Буџите во ЕУ страхуваат дека овој еко план кој го подржува партијата на Камерон, британските таблоиди ќе го дочекаат на пенал и дека лошиот публицитет може да ја галванизира онаа опција која е за излегување од ЕУ.