Официјалната причина за влегување на Русија во Сирија беше да му се помогне на Асад во борбата со ИСИС. Од почетокот на акцијата Русите имаат спроведено над 9000 летови во кои се проценува дека убиени околу 1.100 милитанти на ИСИС. Во исто време во овие воздушни напади се проценува дека загинале над 1.700 цивили.
Во некоја потенцијална анализа за интервенцијата во Сирија, Русите како плус може да го наведат тоа што успешно се промовирале на меѓународен терен и да го освежат имиџот на руската држава и армија, и сето ова интервенирајќи во држава која не е во нивниот прв круг на интереси.
Дополнителна вредност на сите овие напади е и што Путин става крај на ерата на обоени револуции кои се случуваа низ светот.
Анализата на видео: