Кога адвокати ќе заиграат мрежно

Пакистанската влада повлече неколку срамежливи потези за олабавување на строгиот закон за бласфемија по кој за секоја навреда на исламот следува "смрт и ништо друго". Реакција: судовите се преполни со случаи за блaсфемија. Организирано.

Алијанса од 700 пакистански адвокати стои зад порастот на случаи за бласфемија кои ги наполнија судниците во земјата, особено во провинцијата Панџаб.

Нивната идеја е очигледна: да ја понудат својата експертиза на клиенти и да издејствуваат што е можно повеќе пресуди за бласфемија. 

Услугите ги нудат и бесплатно а некогаш и сами храбрат клиенти да подигнат обвинение против некого. Во судница доааѓат во екипи и по десетина адвокати и клерици, за да извршат притисок за пресуда каква што очекуваат.

Законот за бласфемија во Пакистан е стар и потекнува уште од колонијалните времиња но ретко се потегнувал. Тој предвидувал секое "директно или индиректно" навредување на пророкот да биде казнето со "доживотнa казна затвор или смрт". Во 90-тите е засилен па сега гласи "смрт и ништо друго."

Засега никој не е егзекутиран по овој член но затворите се полни со луѓе осудени на доживотна робија. Граѓански активисти велат дека обвинувањата за бласфемија се злоупотребуваат за да се добијат некои лични пресметки или пак да се изврши притисок врз либерални новинари, адвокати или политичари. 

А ако нејќе судот, тогаш правдата се зема во свои раце.Најмалку 65 лица, меѓу кои судии и  адвокати за одбрана биле убиени бидејќи според проценката на нивните убијци учествувале во срамна одбрана на оние кои го навредуваат Исламот.

7 март 2016 - 09:16