Михаил Лесин, поранешниот шеф на пропагандата на Кремљ пред пет месеци беше најден мртов во хотел во Вашингтон, со фатални повреди на главата и телото.
Но, еден од главните лица на руската опозиција тврди дека американските службени податоци покажуваат дека Лесин ја напуштил земјата со лет од Лос Ангелес во декември 2015-та, 40 дена откако беше најден мртов.
"Ова ми мириса на инсценирана смрт или програма за заштита на сведоци," вели Алексеј Навални укажувајќи на писмените логови од американските службени податоци по кои човек со пасошот на Лесин заминал од САД и притоа никому ништо не му било сомнително.
"Грешка во податоците е исклучена. Или тој што заминал бил идентитечн брат на Лесин или пак бил дух," вели Навални.
57 годишниот Лесин бил најден во хотел од 240 долари на ден кој се наоѓа на само пар стотина метри од Белата куќа а аутопсијата покажала дека имал сериозни повреди на главата, вратот, торзото и нозете.
Тој му беше еден од главните медиумски советници на претседателот Владимир Путин во периодот од 1999 до 2004. Во 2013 беше назначен на шеф на државната медиумска империја Газпром медиа но една година подоцна да де отказ и реши да се пресели во Лос Ангелес.
Пред две години падна под сомнение за потеклото на парите откако во САД купи имот вреден 28 милиони долари.