Клизачите на Трамп

Како многу пати до сега без разлика што пак никој не веруваше, Трамп пак победи на уште едни партиски избори. Овој пат разликата е што по неговата победа, капитулација потпиша Марко Рубио, еден од главните противкандидати. Трамп многу спремно го дочека ова.

Рубио се предаде откако изгуби и во родната Флорида. Пред неполна недела на еден од митинзите Рубио уверен во сигурниот успех дома, победоносно најави дека "кој ќе победи во Флорида, тој ќе биде републикански претседателски кандидат."

Ваквата разврска на гласањето во Флорида (победа за Трамп + откажување на Рубио + изјавата) Трамп ја дочека со видео од изјавата на Рубио, која ја завршува со пораката "Фала ти Марко, се согласуваме!"

Целата атмосфера Трамп ја искористи и да им се обрати на неговите критичари од редовите на Републиканците, дека тие треба да ја сфатат неизбежноста на неговата номинација.