Свет

Разговор со поранешен вработен на Мосак Фонсека

Човекот во 90-те отвора и работи американско претставништво на Мосак Фонсека, објаснува како функционира компанијата, дека таа е најмалку виновна за што било и зошто нема Американци на списоците.

Партизанот што го освои интернетот

Деновиве на интернет повторно проциркулира фотографијата со расплаканиот воен ветеран направена за време на парада во Русија. За комплетен впечаток сликата беше дополнета со текстот: Последниот ветеран од една чета од Втората светска војна сам маршира на парадата за Денот на победата.

Портрети од привремениот град

Кале на северот од Франција е последната точка од континенталното патување на секој еден бегалец со сон за селење во Британија. За добар дел од бегалците преминувањето на Ла Манш е одложено на неодредено време. Како последица на ова почна да изникнува градот од шатори, локално познат како Џунгла.

Цвеќарот на мафијата

Од перспектива на останатите трговци на еден од најголемите цветни пазари во близина на Амстердам, Винченцо Крупи е само уште еден цвеќар кој се обидува да извезува што е можно повеќе цвеќе. За полицијата Крупи е човек кој колку што има пуштено цвеќе во извоз, толку има и дрога.

На САД почна да им трепка резервата за бомби

Американската посветеност на Блискиот Исток доведе до неочекуван пад во резервите на воздух-земја муниција на Пентагон. Нормално дека ќе надоместат, ама не оди тоа така брзо.

Муслиманката што спречи втор напад на Париз

Неколку дена по масакрот во Париз, за сега неименувана жена се среќава со Абделхамид Абауд, организаторот на нападите. Токму нејзината дојава до полицијата е витална за неговото откривање. Најважно и е светот да знае да знае дека "и јас сум муслиманка, и дека тоа што го направија Абауд и другите, не е учење на Исламот."

Стоте дена во кои се убиени речиси милион луѓе

На 6-ти април 1994-та на слетување во Кигали соборен е авионот на претседателот на Руанда, кој загинува во несреќата. Следниот ден Хуту војници, полицајци и милиција почнува со масакрирање на Тутсите. Просекот им е околу 10.000 убиени луѓе на ден, и ова темпо го држат некаде до средината на јули.

Се судрија Викиликс и Панамџиите

"Ние не сме Викиликс туку сериозно новинарство," надмено ја фрли ракавицата за двобој првиот човек на меѓународниот новинарски конзорциум кој ги објавува оф-шор податоците од Панама. Викиликс не останаа должни па ги обвинија за политичка манипулација  оркестрирана од Сорос и американската влада преку УСАИД, со цел да му се наштети на Путин.

Саудијците купуваат земјиште во САД за да ги нахранат своите крави

Бидејќи тоа што е преплавена со пустина од сите страни, никако не и помага на Саудиска Арабија околу сушата и проблемите со обезбедување храна за стоката, една од најголемите млекари во земјата почна да купува земјиште во САД. Па таму ќе садат трева.

Вестите за "Панама документите" во Русија

Владимир Путин, иако директно никаде не спомнат во кој било од објавените документи, беше најмоќниот лидер кој се појави во неделното објавување на Панама документите. Беа спомнати имињата на неколку најблиски пријатели и соработници на рускиот претседател кои наводно переле пари во негово име.

Берни Сандерс си грми

Висконсин е шеста по ред победа на Берни Сандерс во предизборната трка со Хилари Клинтон. На почетокот на кампањата, ретко кој очекуваше волку жилаво држење од човекот кому интегритет никогаш не му недостасувал а сега стои добро и со пари. Уште да успее некако да се конектира со црните гласачи. Тоа ќе се види во Њујорк.

Како новинарите ги изведоа Панама документите

Кога во 1971-ва Њујорк тајмс објави 7.000 страници од тајни документи за војната во Виетнам, тоа беше најголемото протекување на државни тајни во историјата, и се на се тежеше неколку мегабајти. Кога Викиликс шокираше во 2010-та, на виделина излегоа 1,73 гигабајти информации. Во неделата Панама документите го потресоа светот со објавување на речиси 150 документи од вкупно 11,5 милиони.

За Панама документите

"Панама документи" е името на истражувачката сторија во која десетици светски медиуми една година работат на прочешлување на 2,6 терабајти податоци (пазарски пресметано 2600 гига) украдени од една од најголемите светски офшор адвокатски компании, Мосак Фонсека. Главен лик во првите извештаи за протечените документи е Владимир Путин.

Белгија остварува стара вмровска идеја

На почетокот на македонската независност, кога парламентарното мнозинство го имаше освоено ВМРО ДПМНЕ, од тоа шарено ама пред сè руралистичко крило протече идеја Албанците кои сакаат државјанство да се заколнуваат на лојалност на Македонија. Четврт век подоцна, време во кое ние као пробуваме да се приближиме кон европските вредности, слична дискриминирачка идеја се реализира во Белгија.

На кои претседателски коњи се клади технолошката елита

Могулите на новите технолопогии не размислуваат само за својот следен старт-ап. Фрлаат тие во меѓувреме и пари и влијание и на кандидатите во претседателската трка. Наспроти либерализмот на кој асоцира Силициумската долина, добар дел од парите одат за Републиканската партија.

Бразил (не е) за почетници

"Владата се распаѓа.. и тоа е добра вест?" е насловот на ова 10 минутно кроки запознавање со актуелната политичка ситуација во Бразил за која "House of Cards" и нејзините интриги се смешка. Дерење државни фирми за да се добијат тендери, корупција, прислушкување, поларизација на социјалните мрежи... You name it, we have it.

Американската мини војна во Сирија

На просторот меѓу сирискиот град Алепо и турската граница, веќе некое време се водат битки меѓу две спротивставени милиции, од кои едната е поддржана и вооружена од САД, а втората е поддржана и вооружена од САД.

"Последна шанса" за Вашингтон

Апокалиптичниот наслов е името на новото пропагандно видео што Северна Кореја им го посвети на САД. По содржина слично на бројни холивудски блокбастери, Вашингтон е уништен од нуклеарка, само што оваа е лансирана од северно-корејска подморница (иако, веројатно има и такви сценарио),

Зошто европската полиција не може да ги спречи терористите?

Четири месеци по нападите во Париз од 13-ти ноември, серија експлозии во вторникот во Брисел покажаа дека терористичките мрежи во Европа се еден чекор понапред од властите, кои се борат со дупките во шенгенските граници и лошата соработка меѓу националните полициски сили, пишува француски Ле Темп.

А последниот воздушен напад чувај го за себе

Во крајно "Тврдокорни" манир руски специјалец безизлезно опколен од сите страни од ИСИС, повикува воздушен напад од руската авијација во Сирија. Не планира да биде заробен од ИСИС, па одлучува да ги даде сопствените координати.

16 исчезнати по објавата на анонимно писмо за оставка на Кси Џинпинг

Откако сајтот Вуџие њуз објави анонимно писмо во кое кинескиот претседател се повикува да поднесе оставка, исчезнати се вкупно 16 луѓе кои работеа или се поврзани со онлајн медиумот.

Тони Блер за "млитавиот либерализам"

Премногу е лесно Западот "да го натераш да се чувствува лошо за себе си," порачува Блер, надополнувајќи дека сега се "во ситуација во која мораат да го возвратат ударот."

Бандите на Л.А. ќе добијат грантови од 30 милиони долари

Илјадници луѓе вовлечени во животот на маалските банди ќе добијат пари од градот за вработување и образование. Благодарејќи на бахатоста на полицијата.

Нападите во Брисел како историска пресвртница

ЕнБиСи пренесува изјави на неколку сегашни и поранешни европски и американски функционери за борба против тероризмот, кои со неверување зборуваат за неподготвеноста на белгиските власти.