"Центарот стана премногу млитав и неподготвен на судир со луѓето. Премногу често капитулираме. Преовладува една идеја дека си дел од елитата ако размислуваш само во правец на почитување и толеранција кон другите луѓе. Ова е смешно," изјавил Блер за БиБиСи.
Она што тој го забележува во целата ситуација е дека умерените гласови станале премногу дефанзивни во аргументирање на својата позиција, што како последица го има само поттикнувањето на култура на екстремизам во религијата и во политиката.
"Еден од проблемите со Западот е што постојано можеш да го натераш да се чувствува лошо за самиот себе - а не велам дека нема работи за кои треба да се чувствуваме лошо.
Ама не треба да им дозволиме на луѓето да нè заплашуваат дека постојат одредени вредности за кои не треба да се бориме.
Јас сум поддржувач на мултикултуризмот. Ама веќе премногу долго време дозволуваме концептот на мултикултуризам да биде злоупотребуван," порачал поранешниот британски премиер.
Како пример тој посочува дека луѓето кои се борат за еднаквост и правичен третман на жените, не би требало заради некаков притисок да се чувствуваат "дека се премногу културолошки интензивни" и дека притоа е важно "да бидеме јасни дека никој нема право да ги прекршува тие основни човекови права."
Во однос на проблемите со бегалци и миграција, неговиот став е дека во "ерата на неспокој" недостатокот на заеднички одговор ги има отворено вратите на поекстремни аргументи.
"Треба да даваш вистински решенија, а не решенија кој се популистички ама погрешни. Ако не дадеш решение, и ги оставиш луѓето со избор меѓу она што јас би го нарекол млак либерализам и радикална позиција, се плашам дека тие ќе се одлучат за второто," изјавува Блер.