Според Џон П. Гордон прво што треба да се знае е дека Мосак Фонсека не е класична адвокатска канцеларија која работи со клиентите и ги советува што треба да прават врз основа на индивидуалните факти за секој случај. Тој објаснува дека компанијата повеќе функционира како архива на потребни документи и постапки за отворање на офшор компанија, и секој следен (веќе стандардизиран) чекор за дополнителна заштита / криење на парите.
По негово искуство, Мосак Фонсека отвораат канцеларии низ целиот свет кои контактираат со регионалните адвокати, сметководители и трустови, чии клиенти имаат потреба или сакаат да отворат офшор компанија. Со вакво темпо на работа Гордон проценува дека Мосак Фонсека може да процесираат околу 10.000 нови компании годишно, плус обновувањето на договорите со постојните клиенти. (Панама документите има податоци од 1977-ма до 2015-та, и во неа се вклучени 214.000 офшор компании.)
Во однос на "а кај се Американците?" делот од дебатата, Гордон порачува дека "има многу просто објаснување. Офшор компаниите се многу компликувани и скапи за Американците. Измамниците можат истата работа да ја завршат користејќи американска компанија од која било сојузна држава. Богаташите кои избегнуваат даноци е многу поверојатно да користат комплексна структура од која офшор компанијата би била само еден мал дел."
Дополнително, во Панама документите нема Американци затоа што Мосак Фонсека го избегнува американскиот пазар, "затоа што посебно пазат да не го привлечат вниманието од американската даночна служба." Бидејќи компанијата е сместена во Панама, и за речиси секоја физичка средба во Европа или Азија мора да минат преку Мајами, "секој проблем со американските власти би значел одложување и потенцијално апсење за време на патувањата."
Ова се истите проблеми на кои наидува Гордон додека го работи претставништвото во САД - најголемиот дел од адвокатите не сакале да го користат американското претставништво за да нарачаат компанија, бидејќи истата работа можат подеднакво лесно да ја завршат и со директен контакт со која било држава која нуди основање на офшор компанија, "и со тоа избегнуваат во САД да има каква било информација за нивните клиенти."
Во однос на одговорноста на компанијата во потенцијалниот криминал објавен од Панама документите, неговото објаснување е дека глобалните канцеларии на Мосак Фонсека добиваат по неколку клиенти на ден и притоа работат со многу ниска маржа, заради што речиси и да не трошат ресурси на проверка на новите клиенти.
На оваа тема, тој се согласува со изјавата на еден од основачите на фирмата во врска со целиот скандал:
"Рамон Фонсека неодамна ја спореди МФ со производител на автомобили кој ги продава своите возила преку мрежа на застапници, и затоа не знае кои се неговите муштерии и кој ќе ги користи нив како автомобили за бегство или за шверц на дрога.
Се согласувам и ја користам истата аналогија."
Симпсонови за Панама документите неколку години пред да се случат: