Во Русија, покривањето на веста се движи малку поинаку и генерално е поделено по политички линии, па таа најмногу и најопширно беше пренесувана од независните либерални медиуми.
Првично руските телевизии комплетно ги прескокнуваат Панама документите и известуваа за резултатите од допинг скандалот во Лондон. Државните Росиа 1 и Прв канал, и приватните РЕН-ТВ и НТВ, воопшто не ги спомнуваат документите за време на утринскиот дневник на 4-ти април. Вестите беа почнати со информација за пожар во Томск, кризата во Сирија и мигрантската криза во ЕУ. По ова следува покривањето на извештајот на Сандеј Тајмс од 3-ти април за британски доктор кој им давал допинг на 150 британски и странски спортисти.
Веста единствено е спомната на сајтот на Вести ТВ, меѓутоа само околу поврзаноста на Меси и Платини во документите. Следен пат, Вести ТВ пак ја споменуваат веста откако Кремљ реагира во врска со неа.
Коментарот на портпаролот на Путин, Дмитри Песков е дека сето ова дел од "Путинофобијата" тврдејќи дека вработените во ИЦИЈ се "поранешни вработени на Стејт Департманот, ЦИА и останати специјални служби."
По пресот на Песков, медимите што до тогаш ја игнорираат сторијата почнуваат со нејзино обработување. Додека про-владините ја осудуваат "Путинофобијата", и повеќе се концентрираат на информацијата дека татко му на Камерон е спомнат во документите, опозиционите медиуми ги пренесуваат резултатите од истрагата на ИЦИЈ, посебно концентрирајќи се на делот околу Путин и неговите соработници.