И по поразот во Висконсин, Клинтон има комфорно водство во трката за 2.383 делегати колку штио се потребни да се осигура партиската номинација но истиот ги потенцира нејзините проблеми во стекнувањето доверба меѓу младите и работниците на кои економските пораки на Сандерс им се многу поприфатливи.
А тој баш се потруди околу Висконсин со интензивна кампања, говорејќи пред илјадници луѓе во неколку места а истовремено потроши и 3,3 милиони односно еден милион долари повеќе од Хилари за платени политички огласи.
9 од 10 гласачи во Висконсин сметаат дека Сандерс е искрен и човек на кој може да му се верува. Кај Хилари односот е 6 од 10.
Но. таа повторно го победи кај црните гласачи (7 од 10 гласале за неа) и оние постари од 45 години. А Висконсин е претежно бел (88%) и не ја одразува пошироката и пошарена слика каков што е Њујорк, местото на нивниот следен нивен дуел закажан за 19 април. Тоа ѝ е јасно на екипата на Хилари па додека Сандерс се уште беше преокупиран со Висконсин таа веќе ја одработуваше следната бавча, посетувајќи црнечки цркви во Њујорк.
Околу Њујорк Сандерс се зезна и на мали работи, како кога на прашањето како се вози човек во човек во њујоршко метро одговори дека зема жетон. А жетоните таму одамна се заменети со метро карти.
Ако треба некоја ваква дупка во знаењето да пополни со пари ќе нема проблеми бидејќи во март успеа да собере 44 милиони долари донации, наспроти 29,5 милиони колку што собра Клинтон. Тој и натаму се потпира врз мали интернет донации кои ги лимитира на максимум 2,700 долари од човек.
Кај Републиканците, Висконсин го освои Тед Круз.