"После толку зборуваниот прогресот на полицијата по 13-ти ноември, тој не беше доволен да се спречи новиот бран на насилство. Па како да ја објасниме се подлабоката европска ранливост?" пишува Ле Темп.
Прва точка во анализата е соработката меѓу француската и белгиската полиција. Токму пропустот на оваа тема му овозможува на Абдеслам утрото на 14-ти ноември да ја напушти Франција на задно седиште на Фолксваген Голф. Истото утро, истото ова возило три пати е проверено на патот од Париз до Брисел, а е запрено и во близна на Камбре. Затоа што патниците ги нема на листата на осомничени, возилото е пуштено да продолжи. Само 10 минути подоцна, идентитетот на Абдеслам е испратен до белгиската полиција. Ама тогаш е веќе дозна.
Од тогаш соработката е подобрена, составен е француско-белгиски тим за истрага, а Французите учествуваат на терен во потрагата по Абдеслам во Брисел. Има соработка и меѓу судските власти.
Тоа што им тргнало на Французите и Белгијците ни приближно не го решава проблемот. Ле Темп тука идентификува три проблеми:
- првиот се однесува на сите европски земји - можното постоење на "терористички спијачки ќелии" во населби со голема муслиманска популација, а приливот на бегалци од Блискиот Исток само ги засилува овие ќелии. Сега е веќе познато дека Абдеслам во Унгарија се запознава со еден од моментално најбараните луѓе во Брисел, Наим Лакрауи.
- втор проблем е преклопувањето меѓу криминалот и тероризмот. Најлошо сценарио е кога радикализацијата на престапниците овозможува шверц на лажни документи, оружје и дрога.
- трет и последен проблем: и покрај до сега невиденото распоредување на полициски сили, границите и понатаму остануваа порозни. Околу 5.000 полицајци ја надгледуваат француско-белгиската граница и менаџираат 220 контролни точки, од кои 42 се постојани. "Ама бројките лажат, вистинско затворање на границите денес е невозможно, и да не се заборави најголемиот дел од терористичките напади се извршени од домашни државјани кои се дел од заедниците во овие земји."
"Дали треба да сме загрижени за неконтролираниот прилив на мигранти?
Идентитети на неколку осомничени одговорни за нападите во Париз и Брисел допрва треба да бидат потврдени. Терористи, најверојатно испратени од ИСИС, успеваат да влезат во Европа со задача за извршување напади. Со месеци знаеме дека Грција и Италија, портите кон Шенгенската зона, се преплавени од масовно пристигнување на мигранти. Од оваа гледна точка, одлуката на ЕУ до септември 2015, за создавање контролни пунктови на кои сите бегалци мора да се регистрираат (отпечатоци, фотографии, итн.) преставува значителен чекор напред.
Меѓутоа реалноста останува: се менуваат рутите на мигрантите, и голем број луѓе веќе нелегално живеат во земјите кои најверојатно ќе бидат мета на следни напади. Со тоа, најдобриот одговор останува размената на податоци, и посебно искористување на трагите - телефонски контакти, фалсификувани документи - оставени од уапсените осомничени и терористи кои биле убиени во нападите.
Истрагата во Брисел ќе ни каже дали напаѓачите биле дел од мрежата на Абдеслам. Ама мора да запаметиме две реалности: прво, најголемиот дел од убијците од 13-ти ноември се со француско потекло, и патуваат под сопствениот идентитет; второ, присуството на неколку групи браќа, покажува дека постојат врски меѓу овие групи.
Исто така гледаме дека 4-месечната вонредна состојба во Франција, и покрај проблемите што ги создава околу нарушување на граѓанските слободи - над 400 апсења, 4.000 претреси - и дозволи на полицијата значително да го подобри своето познавање на терористичките мрежи.
Белгиските власти, кои не преземаа слични мерки и покрај речиси комплетното затворање на Брисел кон средината на ноември, веројатно повторно ќе треба да ги објаснуваат одлуките што ги донеле," пишува Ричард Верли во Ле Монд.
Листата на Гардијан за поврзаноста на напаѓачите од Париз и Брисел: