4-минутното видео, со соодветно јуришна музика, прави мини рецензија на корејско-американските односи, и завршува со монтажа во која Вашингтон е срамнет со земја од неколку корејски нуклеарки. По ударот и експлозијата, се испишува пораката на корејски: "Ако американските империјалисти тргнат само еден инч кон нас, ние веднаш ќе удриме со нуклеарно оружје."
Меѓу сцените од видеото се слики од Корејската војна, заробувањето на американскиот шпионски брод во 1968-ма и првата криза околу северно-корејската нуклеарна програма од почетокот на 90-те.
Изминативе недели Пјонгјанг речиси на дневно ниво има нови закани за нуклеарни и конвенционални удари против југот на Кореа и севкупните САД, како одговор на заедничките воени вежби на двете земји.
Во петокот лидерот на Северот присуствуваше на артилериски вежби во кои беше симулирано бомбардирање на официјалната резиденција на јужно-корејски претседател.
Видеото: