Партизанот што го освои интернетот

Деновиве на интернет повторно проциркулира фотографијата со расплаканиот воен ветеран направена за време на парада во Русија. За комплетен впечаток сликата беше дополнета со текстот: Последниот ветеран од една чета од Втората светска војна сам маршира на парадата за Денот на победата.

Иако сликата собра над милион лајкови само на една страна на Фејсбук, се уште никој не го знае идентитетот на ветеранот. БиБиСи Трендинг стигна до тоа дека сликата е од Русија, и дека според медалите станува збор за советски ветеран.

Врз основа на текстови од неколку сајтови тие заклучуваат дека фотографијата е на Александр Петросјан. Го контактираат фотографот кој им потврдува дека тој е авторот, откривајќи им и дека фотографијата е направена во 2007-ма за време на парадата во Санкт Петерсбург по повод Денот на победата, и дека таа повеќе години им е позната на руските интернет корисници.

Ни Петросјан не знае кој е човекот на сликата, ниту пак колку е стар, меѓутоа по барање на тој повторно ја објавува фотографијата кај себе на Фејсбук обидувајќи се да собере некакви дополнителни информации околу ветеранот.

Иако не извади никаква дополнителна информација, постот на Петросјан предизвика дебата околу тоа дали човекот е доволно стар за да биде ветеран од Втората светска војна.

По оваа основа од БиБиСи разговараат со др. Игор Сутјагин, руски воен експерт од РУСИ (Royal United Services Institute). Неговиот став е дека човекот на сликата не би требало да е постар од 75 години. Сутјагин објаснува дека војниците регрутирани од Црвената Армија морале да бидат минимум на 17-годишна возраст, што значи дека ако човекот се приклучил во војната во пролетта 1945-та, во 2007-ма би имал 79 години.

"Меѓутоа ако бил еден од Синовите на полкот, тој може да е примен и на 13 години," изјавува Сутјагин, појаснувајќи дека станува збор за деца сирачиња кои биле "посвојувани" од Црвената армија.

И покрај се, ни БиБиСи не успева да го дознае идентитетот на воениот ветеран.

14 април 2016 - 16:03