Сега заштитениот сведок била во придружба на Хасна Аитбулакен, братучетката на Абауд која загина во престрелката со полицијата (во иста акција беше убиен и Абауд). Тие се сретнале со него во една од населбите во Сен Дени.
Претпоставката е дека Хасна не знаела за вклученоста на својот братучед во нападите во Париз се до оваа средба. Според изјавите на сведокот, две вечери по нападот некој ја бара Хасна на мобилен, претставувајќи се дека се јавува во име на братучедот, и и' бара да обезбеди сместување за неколку денови.
На средбата Абауд и дава 5.000 евра на Хасна за да најде стан под кирија и да купи неколку пара бизнис облека (одела и чевли), за кои се претпоставува дека требало да бидат искористени маскирање за планираниот напад на париската бизнис област.
"Сфаќајќи ја сериозноста на ситуацијата, пријателката се обидела да ја опие Хасна за да ја спречи да му помогне на Абауд.
Следниот ден таа кришум по телефон ја пријавува случката во полиција и објаснува што и како се случило. По ова безбедносните сили почнуваат да ги следат повиците на Хасна и го надгледуваат нејзиниот дом.
Во вторникот вечерта, извршена е рација на станот во Сен Дени што Хасна го изнајмува за 150 евра. Полицијата ја дознава адресата од пријателката на Хасна. По ова започнува престрелката во која загинуваат Хасна, Абауд и неговиот соработник," се објаснува во текстот на Вашингтон пост.
Жената која е клучниот лик во целата акција од претходно се знае со Хасна, која престојувала кај нејзе речиси три години во периодот кога имала проблеми со дрога и алкохол. Таа објаснува дека однесувањето на Хасна инстантно се сменило откако почнала да се допишува со некој од Сирија. Претпоставката е дека се допишувала со Абауд.