Портрети од привремениот град

Кале на северот од Франција е последната точка од континенталното патување на секој еден бегалец со сон за селење во Британија. За добар дел од бегалците преминувањето на Ла Манш е одложено на неодредено време. Како последица на ова почна да изникнува градот од шатори, локално познат како Џунгла.

По основа на тоа што ниту е признаен од француската влада, ниту го управува некоја добротворна организација, ниту добива владина поддршка, Џунглата не е официјален бегалски камп.

Во февруари властите имаа обид да ги раселат неговите жители, при што беа демонтирани неколку делови од "градот". Ова не успеа, Џунгла продолжи да постои, а со тоа и секојдневниот живот во неа. Па така, во портфолиото на Џунгла има ресторани, продавници, пекари, бербер, заеднички простор и хотел. Сето ова жителите успеваат да го издигнат без никаква помош од надвор.

Сајтот Лонг енд шорт објавуа репортажа со дел од ликовите во градот:

- Мухамед, пекар
Мухамед има 10-годишно искуство како пекар во Џалалабад. Тој пред една година ја издига пекарата во Џунгла, и од тогаш има обучено тројца луѓе да работат со него. Во просек пече по 350 векни леб на ден, кои се продаваат по цена од 50 центи.

Човекот "сонува да биде пекар во Англија, можеби во источен Лондон."

 

- Сиканадар, сопственик на продавница
Поранешниот полицаец на 35 години одлучува да избега од Пешвар. По само три дена од пристигнувањето во кампот тој ја гради продавницата која веќе пет месеци не е затворена, Сиканадар работи дневни смени, пријателот вечерни.

Продава сè Адидас до шампон и сим-картички. Неговите очекувања се дека кога ќе замине за Британија, некој друг ќе ја преземе продавницата.

 

- Сираџ, хотелиер
Ова е најновото и уникатно дополнување на џунглата. Неговиот сопственик е средношколски професор по математика во Пакистан, која ја напушта земјата заради закани по неговиот живот. По четири месеци Сираџ пристигнува на Кале.

"Лесно беше да се постави хотелот. Прво направивме куќа, па потоа одлучивме да служиме храна, па го претворивме во хотел... и сето ова во рок од 15 денови," објаснува Сираџ.

 

- Али, бербер
Цел живот е бербер, па занаетот го продолжува и во Џунгла. Шиша околу 30 луѓе дневно, и поскап е од најголемиот дел македонски бербери, наплаќајќи по 5 евра од шишање.

Берберницата му е направена од стари палети, и огледала што ги купил во градот. Шампонот што го користи е дониран. До сега има обучено уште двајца бербери.

 

- Рамалуха, цигарџија
Поранешен инженер кој работи во мисијата на НАТО во Авганистан, заедно со пријателите купуваат хартија за цигари и тутун во листови, кои потоа ги виткаат и ги продаваат на "кутии". Пакување од десет цигари е 1,5 евро.

13 април 2016 - 15:21