Основачот на Оракл, Лари Елисон е нејголемиот донатор од овој сектор досега: 5 милиони долари за републиканскиот кандидат Марко Рубио.
Донациите на Елисон за Рубио се направени главно во 2015-та. Оваа година тешко да се зголеми сметката бидејќи Рубио се откажа од трката на 16-ти март, откако изгуби на домашен терен во Флорида од Доналд Трамп.
Џорџ Макрикостас: 2,1 милион долари за Ренд Пол
Макрикостас направи богатство со отворање дата - центри по основањето на компанијата RagingWire во 2.000. Републиканецот Пол е надвор од игра од почетокот на февруари.
Основачот на ПејПал, Питер Тил: 2 милиона за претседателските амбиции на поранешната извршна директорка на ХП, Карли Фиорина
Легендарниот инвеститор даде над 2 милиона долари за Conservative, Authentic, Responsive Leadership for You and for America. Ако го следите акронимот, тоа гласи "CARLY for America" што беше назив на групацијата сè додека федералната изборна комисија не нареди да го сменат името. Фиорина испадна од трката во февруари 2016.
Скот Банистер даде 2 милиона за Ренд Пол пред да се сврти кон Тед Круз
Банистер е она што се вика "Angel investor', познат по своите рани вложувања во ПејПал и Запос. Долгогодишен подржувач е на Ренд Пол кого го има помагано и во сенаторските трки а по неговото испаѓање почна да дава за Тед Круз, 15.000 долари досега.
Ј:Б. Прицкер: 1,9 милиони за Хилари Клинтон
Прицкер со децении се едни од најбогатите американски фамилии, главно се бават со капитални инвестиции, го имаат ланецот хотели Хајат.
Шон Паркер, со скратен буџет ја помогна Хилари со 300.000 долари
Основачот на Напстер едно време беше еден од најактивните политички донатори. На претседателските избори во 2004 даваше великодушно на двете страни. Овојпат има само една голема донација за Хилари.
Стив Возниак е за Берни Сандерс
Лани во август, ко-основачот на Епл твитна дека се откажал и од Републиканци и од Демократи и дека е за Берни Сандерс. Но, уште се нема фатено за џеб. Тоа не значи дека силициумската долина не го подржува социјалистот. Од тој сектор кон фондовите на Берни досега се прелеани 3,2 милиони долари.
Што е со Доналд Трамп?
Нема ниедна позната фаца од оваа област која донирала за кампањата на Трамп. Од целиот технолошки сектор тој досега има добиено вкупно 14.000 долари.
Но, како што самиот кажа: "Не ми е гајле за тоа, јас сум стварно богат".