Свет

Трамп би да се бори со Конгресот и околу признавање на Крим

Не дека Трамп би признал руски суверенитет врз Крим, ама сака опциите да му се отворени и да не му ги ограничуваат со Устав дадените права на признавање што ќе му текне.

Американски скоевци

Додека популарноста на капитализмот во САД е во постојан пад, социјализмот (како идеја) стабилно се држи и има посебна поддршка кај демократите и младите луѓе во земјата.

Турците прекратија маркетинг буџети за американски медиуми

Националниот авио-превозник и еден од најголемите телеком оператори, Туркиш ерлајнс и Турк телеком, го повлекоа целиот свој буџет за рекламирање во американските медиуми како одговор на кризата што периодов се билда меѓу двата НАТО сојузници.

Што му се случи на мостот во Џенова?

За експертите прерано е да се знае што точно го предизвика рушењето на Моранди мостот во северно-западна Италија во кој загинаа најмалку 35 лица, ама имаат приближна претстава како најверојатно катастрофата се има случено.

Ердоган ќе ја спасува лирата со Алах

Зборувајќи за падот на вредноста на лирата во однос на доларот, околу 10% во изминатите 5 дена, Ердоган се повика за финансиска стратегија која ама еднаш на никого никаде му нема помогнато: „ако тие го имаат нивниот долар, ние го имаме нашиот народ, нашата правда и нашиот Алах.“

Што е работата со вселенските сили?

Белата куќа официјално ја објави својата намера и план за формирање на вселенски сили, како 6-та гранка на американската војска. За почеток ова во пракса прво ќе значи тегнење на предлогот низ Конгрес во следните најмалку две години.

За интеграција се потребни двајца (и секој Австриец да вдоми мигрант)

Сириски бегалец кој изминативе 8 години живее во Германија и пишува колумни, во отворено писмо го повика секој Австриец да ги дели своите пари и домот со бегалци, бидејќи „интеграцијата функционира само ако е двострана - само едната страна не е доволна.“

Руски гас, германски проблем

И во врвот на Студената војна, германските домови се греат благодарејќи на горивото испорачано преку 4.000 километри долгиот советски нафтовод Пријателство. Иако Пријателство ќе продолжи со работа, апдејтот на руско-германската соработка во форма на Северен тек 2, е сериозен извор на проблеми и притисоци врз Меркел.

За Германија да биде „Германија“ годишно се трошат речиси 1.000 милијарди евра

Извештајот на германското сојузно министерство за социјални прашања покажува дека за комплетниот систем за социјална заштита во земјата минатата година биле платени 965,6 милијарди евра.

Шпионот што не мезеше

29-годишната Мариа Бутина која пред неколку недели беше уапсена во САД под обвинение дека е руски шпион кој се обидува да се инфилтрира во републиканските кругови, сама на пијано се има издадено дека е руски шпион, и тоа не еднаш туку неколку пати. Со други зборови Русите во САД распоредуваат шпион кој не држи алкохол и кој не молчи за својата задача.

Путин ги враќа политичките комесари во војската

По наредба на рускиот претседател создаден е директорат за промовирање на патриотизам во руската армија. Потегот речиси инстантно евоцираше спомени на еден слична пракса од СССР во која политичките комесари промовираа Марксизам и Ленинизам.

Сега Путин го кани Трамп во Москва

Откако Трамп преку Советникот за национална безбедност, Џон Болтон, пушти абер дека сака Путин да му дојде на гости во Белата куќа, реакцијата на рускиот претседател беше - ништо. Цели пет дена ниту ја прифати, ниту ја одби поканата.

Катар ги саботирал конкурентските кандидатури за СП 2022

Британски медиуми објавуваат протечени мејлови според кои Катар ангажирал пи-ар агенција и поранешни агенти за ЦИА со цел ширење на лажна пропаганда за главните конкуренти за организирање на Мундијалот во 2022, САД и Австралија.

Адвокатот на Ел Чапо бара доказ дека сите од списокот на убиени стварно се мртви

Составувајќи го случајот против Ел Чапо, американското обвинителство како доказ испорача и еден список на луѓе убиени по нарачка на првиот човек на Синалоа картелот. Како што обично бива кога обвинителство ќе почне да работи на рекла-казала и урбани легенди доказите баш и не излегуваат најстабилни.

Трамп нема да падне со еден сведок

Признанието на доскорешниот адвокат на американскиот претседател дека Трамп бил известен за состанокот со Русите во јуни 2016 во Трамп тауер, нема да држи во суд доколку остане само на тоа едно сведоштво.

Русите се премногу навредени од Данците за да им се мешаат во дански работи

Ако и кај владата и кај опозицијата и кај медиумите во скандинавската држава преовладуваат силни анти-руски чувства, кај кого тоа тие би се мешале за да ги изместат изборите, прашува руската амбасада во земјата.

Добро ви е тоа ЕУ... како за нескандинавци

Не дека се на мала душа и дека би напуштале, ама ако мора да бираат значителен дел од Швеѓаните и Данците попрво би биле дел од „Нордиска унија“ меѓу Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд, отколку оваа сегашнава Европската Унија.

Доминикана под опсада од океанско ѓубре

Изминатиов период плажите на Доминиканска република се претворени во воено поле, на кое властите и волонтери се обидуваат да го расчистат хаосот предизвикан од постојаните бранови отпад кои го заплискуваат брегот.

Џон Матис: Турција да не ја закачате

Американскиот министер за одбрана побара од Конгресот во пакетот „воспитни мерки“ што и го спремаат на Турција да не ја блокира турската набавка на Ф-35 авиони, бидејќи тоа ќе предизвика комплетно нарушување во процесот на производство на авионот од 100 милиони долари.

Нинџите пред истребување во Јапонија

Да е Исланд па да му снемаат нинџи и да ти е јасно, ама кога Јапонија пријавува дефицит на нинџи тогаш тоа е веќе валидна криза. Мада па кој ги видел?

Данскиот парламент го изгласа „гето планот“

Составен од 22 иницијативи планот предвидува „интегрирање на гетата“ во земјата, и во основа на терен се доживува како систематски напад на сите малцински и бегалски заедници.

Депортирање во празно

Состојбата со депортации во Германија е следна: има 17% повеќе наредби за депортација, ама над 50% од тие што треба да бидат депортирани исчезнуваат.

Зошто Борис Џонсон не беше отпуштен пред да си даде отказ?

Како што успешно ја заврши кампањата за брегзит, така Борис Џонсон беше назначен за министер за надворешни работи во новата британска Влада која требаше заеднички да ја носи државата низ преговорите за напуштање на ЕУ. Таму продолжи во истиот стил од времето кога беше градоначалник на Лондон, овозможувајќи и на Тереза Меј десетина пенали за без никакво двоумење да му даде отказ. На крај се случи обратното, Џонсон во знак на притисок врз Меј ја напушти британската влада.

Трамп му држи лекција на Столтенберг

Уште непочнат работниот дел од состанокот, во она уводно парче во кое новинарските екипи имаат пар минути да фатат фотографии и видео снимки додека главните играчи главно разменуваат куротазни погледи и пораки, Трамп реши на Столтенберг јавно да му плесне пар факти за тоа кој е под руско влијание.