Америка да гледа и да учи

Откако 50 луѓе беа испотепани во терористички напад на лудак во две џамии, на премиерката и на пратениците на Нов Зеланд им беа доволни само 72 часа за да донесат важна одлука.

Претседателката на новозеландската влада најави дека земјата забранува поседување полу-автоматско оружје и јуришни пушки, како одговор на стравичниот напад во Крајстчрч.

„Историјата ни се смени, ќе се сменат и законите,“ порача Џасинда Ардерн дополнувајќи дека новите правила ќе важат веќе од 11 април.

Со истото (АР-15) или слично оружје Америка ги доживеа масакрите во Аурора, Сенди Хук, Сан Бернардино, Орландо, Саутрленд Спринг, Лас Вегас, Њутаун, Паркленд, Питсбург. Од 2012 година кога 26 животи беа згаснати во Сенди Хук се тегне иницијатива за забрана за полу-автоматско оружје. Досега ништо од тоа.

Законите за оружје во САД варираат од држава до држава но правото на поседување и носење оружје е вметнато во вториот амандман на американскиот устав. Дури 43 држави немаат никаква забрана за јуришно оружје а 35 не бараат од сосопствениците да имаат дозвола за купување или пак обврска да го регистрираат својот арсенал.

22 март 2019 - 08:48