- Од Трамп (кој е корумпиран на други начини) направија сега да е морална величина и да испадне дека цели две години е жртва на лов на вештерки. Ова му дава одлична платформа да оди на реизбор.
- Две тешко вооружени земји ги доведоа до раб на нуклеарна војна. Две минути до полноќ е, проценуваат научниците. (види: Ајде веќе нека проработи тој саат)
- Го потрошија целото медиумско време кое можеше да се посвети на тоа како Трамп, Конзервативците и корпоративните Демократи ја уништуваат оваа земја, ги цицаат нејзините ресурси и нè доведуваат до колапс на околината.
- Ја поарчија и онаа мала доверба во медиумите и во вистинското новинарство и сето тоа го фрлија во ќенеф.
- Доведоа до тоа бескрајните лаги на Трамп сега да изгледаат како легитимни бидејќи неговите тврдења дека е жртва на напади на корумпирани медиуми, се покажаа комплетно точни.
Добро го тоа направивте, кловнови!