Свет

Не е НАТО сè што сјае

Членките не уплаќаат членарина, Турција купува руски С-400 а некои овдешни будалетинки ја убедуваат својата лумпен публика дека ние сме биле главна ѕвезда на самиот на НАТО. Тејк ит изи.

Баварија: убава, богата и испиздена

Баварија става крстови на државните згради а полицијата почна да патролира долж границата на „Европа без граници“. Ако на крајните десничари им оди волку добро во услови забревтана економија, што ли ќе се случи со нивната популарност ако економија почне да стагнира?

Време е за европска демократија

Без разлика колку од година во година членките на ЕУ стануваат поинтегрирани и меѓусебно поповрзани, европската политика „и понатаму останува заглавена во националниот силос,“ нешто што Алберто Алемано го нарекува „демократскиот јаз на ЕУ.“

Една е мајка, и не планира да оди во дом за старци

92-годишна Американка деновиве го застрелува и убива својот син само за да избегне да биде сместена во дом за старци.

Скоро па и нема кој не одби да гради центри за прием на бегалци

Египетските власти соопштија дека нема да изградат бегалски центри за мигранти депортирани од ЕУ ако тоа се побара од нив. Токму „прифатните центри“ се дел од планот на ЕУ за решавање на нивниот проблем со бегалците.

Ако баш мора да одите во Америка, со памет

Кинеските власти ги предупредуваат своите сограѓани кои планираат да патуваат во САД на двете најголеми зла во земјата: чести вооружени престрелки и огромни сметки за лекување, а и со тоа цариниците нема разбирање.

Милитанти со осет за животна средина

Тоа што исламистите од ал-Шабаб сакаат да истребат цели делови од популацијата што не им е по ќеиф, не значи дека тие што ќе останат живи треба да живеат како стока, па затоа како уште една еколошко освестена геноцидна терористичка група воведоа забрана за користење на пластични кеси на териториите што ги контролираат.

Арапите го предупредуваат Израел на опасноста од Ердоган

Саудиска Арабија, Јордан и Палестина, секој во одделни прилики, го предупредиле Израел околу зголеменото влијание на Турција во Источен Ерусалим, наведува израелскиот весник Хаарец.

Зошто германските Турци не можат да му се доизрадуваат на Ердоган?

Во неделата навечер Берлин изгледа како да Турција само што го освоила Мундијалот, откако улиците на градот се преплавени од колони возила што свират и мавтаат со турски знамиња. Не победи Турција на Светско, туку Ердоган дома и во Германија.

Ќе има ли некогаш мир на Скандинавскиот полуостров?

Долгогодишниот спор меѓу Норвешка и Шведска е на пат да ескалира затоа што вториве веќе 10 години одбиваат да ратификуваат еден меѓусебен договор. Како и во секоја квалитетна комшиска врска, ако не се спукаш за меѓа, тогаш ќе се спукаш затоа што стоката на комшијата ти влегла во двор. Епа исто и овие.

Толку беше од Џон Оливер во Кина

Главната тема на претпоследната епизода од „Минатата недела, вечерва“ беше кинескиот претседател Кси Џинпинг и таа беше разработена како што Џон Оливер тоа стандардно го прави: горе-долу хумор, горе-долу факти и задолжително да се вмеша Трамп. Неделава секое споменување на Џон Оливер е избришано од најголемата социјална мрежа во Кина, Веибо.

Германија заработи милијарди од грчката криза

Од почетокот на финансиската криза во Грција, Берлин беше еден од главните кредитори на најзадолжената членка на во Унијата, а пари не се даваат за џабе.

Саудиска Арабија има да го претвори Катар во остров

Планот на Саудијците (единствениот копнен сосед на Катар) за копање канал и физичко одвојување по целата граница со Катар, моментално е во фаза на собирање понуди.

Комунизам, последниот уплав на американската армија

Тоа што американската армија одлучи да попушти и да направи отстапки и да дозволи служење војска за хомосексуалци, жени и трансродови лица, никако не се преточи во добра волја кон луѓето со поразлични идеологии од нив, барем не кон оние што се залагаат за комунизам.

Италија ќе врши "регистрација" на Ромите

Сите Роми ќе бидат регистрирани и класифицирани во регистер на Роми, најавува новиот италијански министер за внатрешни работи. Оние што не се се уредни документи, ќе бидат депортирани. Министерот уште и жали што не може со сите така.

Чекалната на крајот од ветената земја

Група американски новинари беа примени на тура низ најголемиот центар на американската гранична контрола за обработка на приведени нелегални мигранти, во кој се одвиваат најголемиот дел од случаите на разделување на нелегалните мигранти од нивните деца.

Договорот е само крај на почетокот

Како што договорот што од името на своите народи го направи двојката од Скопје и од Атина почнува да трокира на домашен терен и кај едната и кај другата страна, дел од Европа педантно почна да се дистанцира, барем во догледен период, од нашата светла ЕУ-иднина.

Добрососедско гадење

Италијанската влада е неодговорна и цинична заради тоа што одби да прими над 600 имигранти заглавени во Медитеранот, гласи критиката на француската влада. Пораката од владеачката француска партија е далеку поконкретна.

ЕУ се соочува со колапс во наредните 10 години

ЕУ е моментално најслабата светска сила и е толку слабо подготвена за предизвиците кои ја очекуваат што во следната деценија во прашање ќе биде доведен и нејзиниот опстанок. Еврото најверојатно ќе преживее, за неа не е сигурно, проценува британски историчар кој предава на американскиот Универзитет Стенфорд. 

Што потпишаа Ким и Трамп

Трамп вети безбедносни гаранции за Демократска народна република Кореја, Ким Јонг Ун вети комплетна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Светот среќен.

Изгледа скотски ама делува

Претседателот на Филипини моментално ја спроведува најсуровата кампања за борба со трговијата со дрога. Исходот од ова на терен се стотици и стоици недолжни жртви. Исходот од ова на ексел е подобрување на безбедноста во земјата.

Доналд Трамп ја одбира источна Европа за сојузник

Вес Мичел конечно ја обелодени долгогочекуваната нова американска стратегија за Европа. Накратко, на денешен Вашингтон му е збоктисано од колебливоста на западните европски партнери па планира за главен сојузник во одмерувањето со стратешките противници Кина и Русија да ги придобие „срцата и разумот“ на оние од југоисточна и централна Европа, места каде што конзервативните политики повторно се во мода.

Брегзитер се од ЕУ корнеше

Претседателот на кампањата која одвои милиони Британци од ЕУ, Најџел Лосон, реши дека е крајно време да поднесе документи за добивање неограничен престој во ЕУ.

Трамп до Трудо: А вие што ни ја запаливте Белата куќа?

Досега ги обвинуваше дека се нефер и дека водат политики кои ги искористуваат. Доналд Трамп сега внесе и 200 години стара историска болка во литаниите против северниот сосед.