Една од првите одлуки на Стерн е како раководител на Национал-социјалистичкото движење од американскиот суд да побара неговата организација да биде прогласена за виновна за заговарање за предизвикување насилство за време на протестниот марш во Шарлотсвил во 2017. Втора мерка, како човек што го има штембилот на организацијата, е содржината сајтот на организацијата да ја замени со лекции околу холокаустот.
Додека лежи затвор за поштенска измама, Стерн е во иста ќелија со поранешниот лидер на Кју Клукс Кланот, Едгар Реј Килен, кој е осуден за убиството на тројца борци за човекови права. Двајцата се зближуваат до тој степен, што Килен му дава полномошно на Едгар за раководење со целиот негов имот. Во 2016 Стерн го користи ова овластување за распуштање на организацијата со која Килен некогаш раководи.
Движејќи се во вакви кругови, Стерн се запознава со Џеф Шоп, тогашниот претседател на Национал-социјалистичкото движење. Тие меѓу другото разговараат околу односот на Стерн со лидерот на ККК. Продолжуваат да контактираат, притоа Стерн редовно оспорувајќи ги неговите ставови околу Хитлер, Холокаустот и белата супериорност.
Некаде на почетокот од годинава Шоп го консултира Стерн за правен совет околу тужбата што ја имаат од контра-демонстрантите на митингот во Шарлотсвил во кој беше убиена една девојка.
Според Стерн во тие моменти Шоп е очаен да ја напушти организацијата што ја води цели 24 години, делумно заради реперкусиите од тужбата „но и затоа што чувствува дека нема доволно почит од неговите следбеници“. Кога Стерн се нуди да му го олесни проблемот со тоа што ќе ја преземе контролата врз организацијата, Шоп инстантно се сложува.
Од 15-ти февруари Стерн е и директор и претседател на Национал-социјалистичкото движење на САД. И покрај овластувањата што следуваат со титулата, тој нема намера да го растури движењето бидејќи не сака неговите следбеници да воскреснат во некоја друга група што ќе носи нацистички обележја.
Иако Шоп повеќе не е никако поврзан со НСМ, тој и останува обвинет во една од тужбите од Шарлотсвил како поединец.