Истите овие бегалци во кампот Маркази имаат серија нечовечки проблеми од типот:
- убоди од шкорпии
- каснувања од змии
- оскудни порции храна.
Меѓутоа, жештината која неизбежно ќе им следува од почетокот на мај е она за што се жалат дека е ќе го направи невозможен животот во саудискиот камп.
И повторно не дека бегалците од Јемен се нешто посебно свилени и пребирливи, туку температурата во нивните живеалишта во февруари изнесуваше 35 степени.
Сите решенија од типот, па што не пуштат клима и слично, се неизводливи заради издржливоста на електричната мрежа во кампот. Заради страв од прегревање на генераторите на електрична енергија, во кампот има струја само 4 часа наутро и 4 часа навечер, а не и на пладне кога е најтопло.
Посебно драматични ќе бидат летните месеци, кога се очекува надворешните температури да стигнат до 50 степени Целзиусови, плус да бидат придружени од стандардните летни жешки песочни бури кои достигнуваат брзина од 60 км/ч.
Проблемот со неподносливата жештина неспоредливо доби на сила кога во ноември минатата година Саудијците решија на кампот да му донираат 300 лимени објекти за живеење налик бродски контејнери.
На церемонијата за пуштање во употреба на донацијата учествуваа претставници од двете влади, а како бонус од Саудијците беше додадена и џамија, училиште и два медицински центри.
Донацијата има вредност од 6,5 милиони долари.
Ал-Џезира пресметува дека тоа е цената на помалку од 5 Томахавк проектили, кои Саудијците ги сејат низ Јемен.
Во војната во Јемен, од 2015 до денес има најмалку 60.000 убиени.