Цепаниците од ЕУ прошверцуваа дрва како обвновлив извор

Неколку групи ја тужат ЕУ заради тоа што "шумската биомаса" (читај дрва) ја вклучија во групата обновливи енергетски ресорси. Тоа е класично мамење, тврдат овие за шибицарите од Европската комисија по кои испаѓа дека нашите баби и дедовци користеле исклучиво обвновливи извори. Само што тие тогаш се викале  - трупци.

Организации од Естонија, Франција, Ирска, Романија, Словачка, Шведска и САД поднесоа тужба против ЕУ за да ја поништат нивната одлука за вклучување на биомасата во групата обновливи извори на енергија. 

Ако успеат, ЕУ ќе остане куса во проекциите: таа се обврза до 2030 година најмалку 32% од енергијата да им доаѓа од обновливи извори. Проблемот е што во блокот такви извори ја сметаат и биомасата, и тоа со дури 60% од вкупната „обновлива“ енергија.

Тужителите ги обвинуваат европските институции дека комплетно ги игнорирале научните докази кои покажуваат дека користењето биомаса за енергија е повеќекратно штетно, и за атмоферата и климатските промени и за уништувањето на шумите, при што на планетата не ѝ прави разлика ако таа биомаса во Европа биде увезена. 

„Третирањето на биомасата како јаглерод неутрална е спротивно на сите научни сознанија дека горењето дрва за енергија емитува 1,5 пати повеќе CO2 од јагленот и три пати повеќе од природниот гас“, стои во тужбата против ЕУ за која ќе решава судот во Луксембург.

7 март 2019 - 10:39