Ендевор го менува својот став по убиството на Кашоги, и комплетно ги враќа средствата и го раскинува договорот со кралството. Преку компанијата Саудијците требаше да влезат во разни индустрии од спорт до филмска продукција.
Слична гадливост кон саудиските пари покажаа Убер, Голдман Сакс, Ричард Брансон и уште неколку бизниси, за кои убиството на Кашоги беше премногу за да го продолжат бизнисот со кралството. Во исто време убиството на илјадници цивили во Јемен немаше така одбивно за погоре споменатите.
Најголем дел од соработката беше договорена за време на посетата на Бин Салман на САД минатата пролет.
Кашоги беше убиен на 2-ри октомври во саудиската амбасада во Истанбул. Саудиските власти дури по неколку недели негирање на сè околу случајот, решија да признаат дека нивни вработени се виновни за убиството.
Остатоците на Кашоги се уште не се пронајдени. Една од главните претпоставки е дека неговото тело било исечено на парчиња во амбасадата и пренесено во саудиската резиденција во Истанбул каде било запалено во печка за леб во дворот на резиденцијата.