Опишувајќи ги почетоците на инквизицијата и нејзината намена, Ричард Сивлерштајн во текстот за Ал Џезира порачува дека средновековната пракса уште е актуелна во Конгресот на САД, барем така изгледа последните неколку месеци и односот на демократите кон Илхан Омар.
Прво таа на Твитер пишува дека нејзините колеги од Конгресот поддржуваат и спроведуваат политики кои ги турка Американско-израелскиот комитет за јавни работи (АИПКА, про-израелска лоби група) затоа што тие успеваат да соберат милиони долари кои ги делат на лојалните про-израелски кандидати за конгресот. Ваквиот твит, дека некој собира а некој зема пари од израелска група, веднаш беше прогласен за доказ за анти-семитизмот на Омар, одејќи по линија дека таа го шири стереотипот за богати Евреи кои го контролираат светот.
Потоа следува нејзиниот говор во книжара во Вашингтон каде Омар порачува „сакам да зборувам за политичкото влијание во оваа земја кое инсистира дека е во ред луѓето да ја ветуваат својата верност на странска држава“. Ова повторно се однесуваше на АИПАК, дека тие и нивните спонзори спроведуваат агенда која целосно води сметка за Израел и ја оформува американската политика за да ги брани израелски интереси.
Дури и да не се земат предвид он-лајн багри, реакцијата на ова беше инстантна и од редовите на Конгресот. Елиот Енгел еден од највисоките претставници на демократите во Конгресот веднаш порачува дека „е длабоко навредливо да се доведува во прашање лојалноста на американските граѓани по основа на нивните политички гледишта, вклучително и поддршката за американско-израелските односи.
Дополнително конгресното раководство на демократите одлучува да направи пример од Омар, и да подготви резолуција за отфрлање на анти-семитизмот „а со тоа и на Омар, и ова е Демократската партија, како ги јаде своите млади“.
На страна на Омар застана дел од колегите од демократите. Кампањата на демократите против Омар беше критикувана од конгресмени како Окасио-Кортез и Берни Сандерс, додека Њујорк тајмс пишува за генерациската разлика меѓу помладите конгресмени како Омар, и ветераните демократи, кои својата кариера ја започнале во времето кога АИПАК имал апсолутна контрола над овие прашања.