Во интервју за Вашингтон екгзаминер, ЦЕО-то на Фишер сенд енд гравел компани, Томи Фишер, изјавува дека неговата компанија може да ја заврши работата за само 1,4 милијарди долари, или за 4,3 милијарди долари ако американската влада сака по цела должина на ѕидот да имплементира патишта и гранична технологија. На ова тој плус нуди и гаранција.
Од 8-те милијарди што Трамп планира да ги потроши, тој веќе доби 1,375 милијарди од Конгресот, кои можат да бидат искористени само за оградување на долината на Рио Гранде. Трамп моментално бара дополнителни 3,1 милијарда за одбрана на ѕидот и уште 3,6 милијарди преку неговата објава за вонредна состојба.
Според Фишер, 1,4 милијарди долари ќе покријат 33 километри ограда во долината на Рио гранде и други 345 километри.
Трамп се уште треба да одлучи како ќе се трошат 8-те милијарди долари што ги бара.
Во првите две години од мандатот на Трамп беа изградени само 56 километри од ѕидот.