По неколку месечна драма, на дваесетина дена пред истекот на рокот, во Јужна Каролина се пријави добитникот на втората по големина премија во историјата на САД.
Тој решава да остане анонимен, а за да нема многу влечење и неизвесност човекот се одлучи да оди на еднократна исплата на половина од сумата, со што на крај заврши со богатство од 877 милиони долари.
Приказната на добитникот ја раскажуваат луѓето од лотаријата според кои „едноставен љубезен гест, кој довел до неверојатен резултат“. Човекот дента додека чекал во ред за да купи лоз од лотаријата, му дозволил на друг муштерија да застане пред него и да купи ливче од Мега милионс. Токму отстапувањето на едно место, и комбинацијата која потоа му ја вади уредот го прават неименуваниот човек добитник на 1,5 милијарди долари.
Добитникот е исто така од Јужна Каролина, а од неговото пријавување државата ќе ќари данок во износ од десетици милиони долари.